„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА КОНЦЕСИИ НА ДОБРА ОД ОПШТ ИНТЕРЕС

08.02.2022

 Со овој закон се уредува  доделувањето на концесија на добра од општ интерес, правната заштита во постапката за доделување на концесија на добра од општ интерес, престанокот на концесија на добра од општ интерес и други прашања во врска со концесијата  на добра од општ интерес.

Целта на овој закон е да овозможи доделување на концесија на  добра од општ интерес врз основа на начелата на транспарентност, недискриминација, пропорционалност, ефикасност, еднаков третман, заемно признавање и заштита на животната средина, како и  ефикасност во реализација на  концесијата на добра од општ интерес.
Концесија на добра од општ интерес може да  има за предмет користење на добра од општ интерес регулирани со посебен закон особено во  следните  области: 
1. експлоатација и/или геолошки истражувања на минерални суровини;
2.  експлоатација на вода; 
3. за употреба на речните и езерските брегови; 
4. за пристаништа; 
Покрај  наведените добра од општ интерес, предмет на концесија на добра од општ интерес може да бидат и други добра од општ интерес кои се  утврдени во согласност со закон.
Предложениот текст на законот е достапен на следниот линк.