„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност

02.10.2023

Цели на предлог регулативата:
Целите на Нацрт законот се однесуваат на сообразност со обврските кои РСМ ги презела во рамки на законодавството на Енергетската заедница на начин кој е конзистентен со националната енергетска политика. Конкретно, Нацрт законот ги има истите цели како и Законот за енергетска ефикасност:
· да ги отстрани регулаторните и нерегулаторните бариери што го попречуваат спроведувањето на мерки за енергетска ефикасност и проекти за енергетска ефикасност;
· да ја зајакне соработката меѓу потрошувачите, производителите, снабдувачите на енергија, обезбедувачите на енергетски услуги, централните и локалните власти, во насока на постигнување на целите и таргетите во полето на енергетска ефикасност;
· да промовира користење на високоефикасни технологии, системи за управување со енергијата и системи за мониторинг на енергетските заштеди;
· да го зголеми користењето на енергија од обновливи извори од страна на крајните корисници;
· да овозможи користење на финансиски механизми и поттици за спроведување на мерки за енергетска ефикасност; и
· да го развие пазарот на енергетски услуги и обезбедување на енергетски услуги. Соодветно, едни од клучните предуслови за остварување на овие цели е донесувањето на потребната подзаконска регулатива. Се очекува да бидат донесени Уредбата за усвојување на индикативни цели за 2020 и 2030 година, долгорочната Стратегија за реновирање на згради, Уредба за обврзувачка шема и/или примена на алтернативните мерки, Уредбата уредување на Договорите за енергетски услуги, Правилникот за енергетски карактеристики на згради, Одделни правилници за енергетски контроли за индустрија (комерцијален сектор) и згради, и други акти подетално уредени со законот.