„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште

30.10.2023

Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, се заснова на истите цели како и Законот за земјоделското земјиште, и тоа:
-рационално користење на земјоделското земјиште,
-заштита на земјоделското земјиште,
-обезбедување на правна сигурност на корисниците на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп.
Целта на предлог законот е изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште заради доуредување на постојните законски одредби и воведување на нови законски решенија кои се однесуваат на пренамената на земјоделско земемјиште од прва до четврта катастарска класа за изградба на енергетски објекти.
Предлог законот се заснова на истите начела на кој се заснова Законот за земјоделското земјиште.