„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
07.03.2022
Според Известувањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со Предлог-законот за нус-производи од животинско потекло се врши усогласување со Регулативата 1069/2009 и Регулативата 142/2011 што ќе даде основа за транспонирање и донесување на релевантни подзаконски акти кои ќе произлезат од новиот закон. Исто така, со новиот закон се рационализира и се поедноставува севкупната законска рамка од областа на нус-производите од животинско потекло и неговите одредби се хармонизираат и надополнуваат со одредбите од областа на безбедност на храната, ветеринарното јавно здравство и инспекцискиот надзор.