„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАСИШТАТА

25.07.2022

 Предлогот на измени и дополнувања на законот содржи шест члена и тоа:

Во првиот член 1 од измените и дополнувањата на Законот за пасиштата се уредува поимот на пасиште, согласно моменталните состојби и услови со пасиштата.
Со вториот член од измените и дополнувањата, се уредува постапката околу давање на користење на пасиштата со уредување на поимот капацитет на пасиште, неговото определување и акт каде истиот се објавува.
Членот 3 од измените и дополнувањата на законот за пасиштата, ја уредува постапката на објавување на оглас, за давање на користење на пасиштата во државна сопственост кои претставуваат блок со природни граници со површина поголема од 50 ха и улогата на одредени субјекти во истата.
Во членот 4 се менуваат надлежностите на органите кои се дел од горнаведената постапка за давање на користење на пасишта во државна сопственост, наведени во член 7-г од важечкиот закон, како и правна поука за постапување по прием на одлуката.
Со новиот член 7-д од измените и дополнувањата на законот за пасиштата, се уредува постапката за давање на користење на пасишта во државна сопственост кои не се дадени на користење со договор, без објавување на оглас. Во истиот се уредува, дека, поблиските услови, капацитетот и начинот на давање ги уредува Јавното претпријатие за пасишта, а плаќањето на надоместокот е согласно важечката тарифа на Јавното претпријатие за пасишта.
Со членот 6 се предвидува договорот за користење на пасиште да се склучува на 20 години наместо на 10 како што е во постоечкиот закон како и можност за склучување на договор за користење на пасиштата со непосредна спогодба по претходна согласност на Владата за субјектите кои користат пасишта во државна сопственост врз основа на истечен договор за користење на пасишта.
Со членот 7 се уредуваа примената на агротехнички мерки за зголемување на квалитетот на пасиштата.
Со членот 8 се уредува можноста за градби на пасишта.
Со членот 9 се уредува влегувањето во сила на законот.
Целосниот текст на Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за пасишта е достапен на следниот линк.