„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за виното

01.02.2024

Цели, начела и основни решенија:
Основна цел за донесување на законот е негово усогласување со новите правила на ЕУ во областа, воведување на нови производи во рамки на законот (органско вино, ароматизирани вински производи). Покрај тоа, делот на законот кој се однесува на класификација на вина, производство, означување и заштита на вина со географски назив ќе претрпи сериозни измени со цел истиот да се усогласи со регулативите на ЕУ, а виното со потекло од Република Северна Македонија да биде заштитено на пазарите на ЕУ уште пред да станеме земја членка. Предложените решенија особено имаат за цел да се зголеми и олесни извозот на вино и производи од вино на пазарот на ЕУ, како најголем извозен пазар за македонско вино.