„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за средното образование

04.02.2024

Цели, начела и основни решенија:
Со новиот Закон за средното образование, се дефинира средното образование како институционално, кадровски и содржински организирано на начин кој овозможува образование за сите ученици во средното образование, вклучително и за деца/лица со странско државјанство или деца/лица без државјанство, формирање на инклузивни тимови и поддршка за ученици со попреченост. За прв пат се воведува кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование, дигитални вештини, квалификации стекнати по завршување на средното образование Со новиот закон се воведува и нова Концепцијата за испити на крајот на средното образование За прв пат во средните училишта се овозможува ученичко организирање и учество, кое недостасуваше во средното образование и беше дефинирано како јаз помеѓу основното и високото образование, имајќи во предвид дека исто е дефинирано и во Законот за основното образование и во Законот за високото образование. Донесувањето на нов Закон за средно образование е определено и со Годишниот план за работа на Министерството за образование и наука. Како земја кандидат за членство во ЕУ, државата ги следи препораките на Советот на ЕУ. Со новиот закон ќе бидат опфатени некои од овие препораки и тоа: - Препорака на Советот од 24 ноември 2020 година за стручно образование и обука (СОО) за одржлива конкурентност, социјална правичност и издржливост.
Резолуција на Советот за нова европска агенда за учење на возрасни 2021-2030 година - Препорака на Советот од 29 ноември 2021 година за хибридни иновативни пристапи за учење за висококвалитетно и инклузивно основно и средно образование - Препорака на Советот од 16 јуни 2022 година за Европски пристап кон микро-акредитиви за доживотно учење и вработливост 2022/C 243/02 Новиот Закон за средно образование е усогласен и со Законот за националната рамка на квалификации. Со цел да се постигнат стратешките цели и определби за модернизација на системот на средно образование и обука и земајќи ја во предвид фактичката состојба, јасно и недвосмислено се забележува потребата за донесување на целосно нов Закон за средно образование.