„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за социјалната заштита, по скратена постапка

08.02.2024

Предложените измени на Законот за социјална заштита ги содржат следниве решенија: - се дефинира методот на водење на случај, кој го применуваат стручните лица во центрите за социјална работа, - се предвидуваат решенија за поттикнување на активација на пазарот на трудот на работно способните членови на домаќинствата, корисници на гарантирана минимална помош - се дефинира стручната работа на стручните лица во установите за социјална заштита - се доуредуваат одредбите за лиценцирање на стручните лица во установите за социјална заштита. Дел од одредбите од предложените измени и дополнувања на Законот за социјална заштита произлегуваат од практичната примена на овој пропис.