„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри

19.02.2024

Цели, начела и основни решенија:
Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри се заснова врз истите начела врз кои се заснова и постојниот закон. Основни решенија на предложениот Закон се:
· соработниците на друштвото кое поднело барање за лиценца или кои сакаат да влезат во постојно друштво кое има лиценца за игри на среќа мора да поседуваат репутација;
· деловните простории во кои се приредуваат игри на среќа во обложувалница и автомат клуб, томболата од затворен тип и електронските игри на среќа треба да се наоѓаат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта; · начинот на мерење на оддалеченоста ќе се утврди со правилник пропишан од министерот за финансии; · се воведува надзорен информациски систем за приредувачите на електронските и интернет игри на среќа; · се зголемува месечниот надоместок за лотариските и електронските игри на среќа; · електронските игри на среќа ќе можат да се приредуваат во простории каде што се приредуваат посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии; · се воведува нов начин на пресметка и плаќање на посебната давачка кај приредувачите на посебните на среќа (казина, обложувалници и автомат клубови); · се зголемува надоместокот за издавање на лиценца за обложувалница од 105.000 евра на 200.000 евра, се ограничува бројот на уплатно-исплатни места на 25 со една издадена лиценца. За секое следно уплатно-исплатно место над 25- тото, приредувачот плаќа надоместок во износ од 10.000 евра; · се зголемува надоместокот за издавање на лиценца за автомат клуб од 78.750 евра на 100.000 евра. Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб се однесува за три деловни простории и се воведува надоместок во износ од 30.000 евра; · се зајакнува регулативата во делот на интернет игрите на среќа со имплементирање на препорака та на Препораката на Комисијата за принципите за заштита на потрошувачите и играчите на онлајн услугите за коцкање и за спречување на малолетници од коцкање преку интернет.