„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог Закон за проспекти и обврски за транспарентост за издавачите од хартии од вредност

14.03.2023

На ЕНЕР на 13.03.2023 г. е објавен Предлог Закон за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите од хартии од вредност.

Со Законот за проспект и обврски за транспарентност на издавачите на хартии од вредност се уредуваат условите и постапката за понуда на хартии од вредност, условите и постапката за изработка, одобрување и дистрибуција на проспектот што се објавува кога хартиите од вредност се нудат на јавноста или се примени за тргување на регулиран пазар, Барањата во врска со обелоденувањето на периодични и тековни информации за издавачот кој успешно реализирал јавна понуда на хартии од вредност со проспект кој го одобрила Комисијата за хартии од вредност и за издавачот чии хартии од вредност се веќе примени за тргување на регулираниот пазар и Надзорот во врска со спроведувањето на овој закон.
 Министерството за финансии е носител на Законот, а Регулаторен орган за спроведување на овој закон е Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст "Комисијата")  чија надлеженост е регулирана согласно Законот за финансиски инструменти.
Со донесувањето на Законот за проспекти и обврски за транспарентност на издавачите на хартии од вредност ќе се уреди можноста за издавачите на хартии од вредност да издаваат проспект како единствен документ, или како проспект составен од повеќе документи, како што се документ за регистрација, белешка за хартиите од вредност и резиме на проспектот и ќе се овозможат највисоки стандарди за заштита на инвеститорите во согласност со Европската унија.