„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлогот на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за програмски заем за Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за креирање на работни места во микро, мали и средни претпријатија во Северна Македонија, по скратена постапка

20.02.2024

Цели, начела и основни решенија:
Основната цел е целосно задоволување на потребите на микро, малите и средните претпријатија, стимулирање на процесот на производство, обезбедување на ликвидност на претпријатијата, зачувување на постојните и отворање на нови работни места, како и задржување на конкурентната позиција на компаниите. Основно начело на кое се заснова овој Предлог на Закон е обезбедување на финансиски средства за да се овозможи финансирање на микро, мали и средни претпријатија. Во таа насока, ЦЕБ и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје ќе склучат Рамковен договор за заем, во износ од 50.000.000 евра, додека Република Северна Македонија ќе ги гарантира обврските кон ЕИБ преку склучување на Договор за гаранција меѓу Министерството за финансии и ЦЕБ.