„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за државното правобранителство, по скратена постапка

28.02.2024

Оцена на состојбите во областа што треба да се уреди со законот и причини за донесување на законот:
Законот за државното правобранителство е донесен во 2007 година. Во текот на 2015 година е извршено негово дополнување со обврска за електронско поврзување со Агенцијата за катастар на недвижности. Со измените кои се предлагаат се предвидува натамошно подобрување на одредбите во насока на обезбедување на можност за мирување на државноправобранителската функција во случај државните правобранители да бидат избрани или именувани на друга функција или должност. Ова се наметна како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кои се избираат државните правобранители. Иако условите за престанокот на функцијата државен правобранител, односно државни правобранители е уредена во членот 23 од законот, сепак со постојното законско решение „ако е избран, односно именуван на друга функција, односно должност“ не е земена во предвид можноста за именување на државен правобранител на Република Северна Македонија од стана на лице кое е државен правобранител со седиште за определено подрачје на суд кадешто се врши државноправобранителската функција.Ваквата одредба директно ја ускратува можноста за именување на овие лица за државен правобранител на Република Северна Македонија и истовремено е во контрадикторност со ченот 18 став 3 од законот според кој државните правобранители ги именува Владата по претходно прибавено мислење од државниот правобранител, без ограничување на мандатот.
Цели, начела и основни решенија на предлог на законот:
Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државното правобранителство се заснова врз истите начела врз кои е заснован основниот предметен закон.