„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЗАКОН ЗА СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

15.12.2022

 Според Известувањето на Министерството за образование и наука, целта на новиот Закон за средно образование е да се остварат приоритетите од Стратегијата за образование 2018-2025 година во делот на општото образование

1. Подобрување на содржината на средното образование.
2. Зголемување на опфатот на учениците и подобрување на инклузивноста и меѓуетничката интеграција во средното образование.
3. Подобрување на капацитетите на човечките ресурси во средните училишта.
4. Подобрување на условите за учење и на квалитетот на образованието.