„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Закон за канцеларија за поврат на имот

24.03.2024

Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија издаваат
 
УКАЗ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ПОВРАТ НА
ИМОТ (*)
 
Се прогласува Законот за канцеларија за поврат на имот (*), што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 13 март 2024 година.
 
Бр. 08-1945/1            
13 март 2024 година
Скопје
 
Претседател на Република
   Северна Македонија,
Стево Пендаровски, с.р.
 
Претседател на Собранието
на Република Северна
           Македонија,
Јован Митрески, с.р.
 
ЗАКОН ЗА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ПОВРАТ НА ИМОТ (*)
 
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Содржина на законот
 
Член 1
 
Со овој закон се уредува основањето, надлежностите и финансирањето на
Канцеларијата за поврат на имот (во натамошниот текст: АРО Канцеларијата),
соработката со домашни органи и институции, соработката со странски држави и со Електронската интегрирана база на податоци.
 
Основни начела за постапување
 
Член 2
 
Законот се заснова на следниве основни начела:
- професионалност,
- итност и ефикасност,
- директна комуникација,
- електронска комуникација и
- заемна доверба.
______________________
 Со овој закон се врши усогласување со Одлука 2007/845/ПВР на Советот од 6
декември 2007 година за соработка помеѓу службите за враќање на средства на земјите членки во областа на следење и идентификација на приноси или друг имот  поврзан со криминални дела CELEX бр. 32007D0845.