„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита и благосостојба на животните, по скратена постапка

27.03.2024

Цели, начела и основни решенија: Основната цел на овој Предлог на закон е суштинско унапредување на законот во неговата основна намена заштита и благосостојба на животните и подобрување на нивниот статус, преку третирање на животните како чувствителни, свесни, интелигентни, социјални битија при што јасно ќе ги дефинира и штити нивните основни права и интереси, согласно видот на кој му припаѓаат. Имајќи предвид дека основниот проблем за нарушување на благосостојбата на животните и за постоење на уличната популација која ја има на јавен простор е неодговорното сопствеништво, со законските решенија, изворот на проблемот поконкретно, попрецизно и потесно ќе се уреди, но и ќе предвидат дополнителни механизми за контрола и санкционирање. Исто така со предложените законски одредби се врши регулација на институтот надомест на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња во вонсудска постапка со цел побрзо и ефикасно остварување на правата на граѓаните и намалување на нивните трошоци. Основни начела по кои се предлагаат измените се начелата на економичност, непосредност и ефикасност.