„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Одлука за одобрување на изменувањето и дополнувањето на урбанистичкиот проект за градби од стратешки интерес

25.04.2024

Врз основа на член 63-а став (13) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20 и 111/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 16 април 2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ИЗМЕНУВАЊЕТО И ДОПОЛНУВАЊЕТО НА
УРБАНИСТИЧКИОТ ПРОЕКТ ЗА ГРАДБИ ОД СТРАТЕШКИ ИНТЕРЕС ЗА
ИЗГРАДБА НА ПАТЕН КОРИДОР 8, ДЕЛНИЦА НА АВТОПАТ: ТЕТОВО-
ГОСТИВАР, ОПШТИНА ТЕТОВО, ОПШТИНА БОГОВИЊЕ, ОПШТИНА
БРВЕНИЦА, ОПШТИНА ВРАПЧИШТЕ, ОПШТИНА ГОСТИВАР
(КМ 35+718 – 53+127)
 
Член 1
Со оваа одлука се одобрува изменувањето и дополнувањето на Урбанистичкиот проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 8, Делница на автопат: Тетово-Гостивар, Општина Тетово, Општина Боговиње, Општина Брвеница, Општина Врапчиште, Општина Гостивар (км 35+718 – 53+127), со тех. бр. ППР.001-01-24 од март 2024 година, изработен од ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУT „МАКЕДОНИЈА“ А.Д. - Скопје.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-4246/3
16 април 2024 година
Скопје
 
Претседател на Владата
на Република Северна Македонија,
 м-р Талат Џафери/Talat Xhaferi, с.р.