„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТУТУН, ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН И СРОДНИ ПРОИЗВОДИ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

31.01.2022

 Со членот 1 се предвидува додавање на нов член 14-а кој обезбедува сигурност за склучување на договор и покрај тоа што е поднесен приговор.      

Со членот 2 се бришат ставовите 3 и 4 од членот 43 од причина што увозот за сиров необработен тутун предизвикува нелојална конкуренција и непринципиелни пазарни односи, нарушување и штета на домашното производство. Дозволата за увоз на сиров необработен тутун која произлегува од членот 43 ставови 3 и 4 е спротивен на сите стандарди и прописи и е директно во колизија со одредбите од самиот Закон во поглавја II, III и IV и меѓународните прописи и пракси, Рамковата конвенција за контрола на тутун на СЗО и Европската Регулатива.
Со членот 3 се усогласува бришење на одредбите од членот 43 ставови 3 и 4.
Со членот 4 се уредува стапувањето во сила на законот.