„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Правилник за начинот и постапката на спроведување на избор и оценка на соодветноста на член на надзорен орган на Друштво за осигурување и известување до Агенцијата за супервизија на осигурување

07.05.2024

Врз основа на член 158-ѕ став (1) а во врска со член 28 од Законот за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр.27/02, 84/02, 98/02, 33/04, 88/05, 79/07, 08/08, 88/08, 56/09, 67/10, 44/11, 88/13, 43/14, 12/14, 153/15, 192/15, 23/16, 83/2018 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.101/19, 31/20 и 173/2022), Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седница одржана на ден 22.4.2024 година донесе
ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗБОР
И ОЦЕНКА НА СООДВЕТНОСТА НА ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОРГАН НА
ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА
СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
 
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој правилник се пропишува начинот и постапката на спроведување на избор и оценка на соодветноста на член на Надзорен одбор и неизвршен член на Одбор на директори (во натамошниот текст: член на надзорен орган) на друштво за осигурување од аспект на исполнување на условите за вршење на функцијата член на надзорен орган на друштво за осигурување пропишани со Законот за супервизија на осигурување, Законот за трговските друштва, овој правилник и останатите прописи како и начинот и постапката на известување за извршената оценка и избор на член на надзорниот орган до Агенцијата за супервизија на осигурување (во понатамошниот текст: Агенцијата).
II. ПОЛИТИКА ЗА ИЗБОР И ОЦЕНКА НА СООДВЕТНОСТА НА ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОРГАН НА ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 2
(1) Друштвото за осигурување е должно да донесе и да применува политика за избор и оценка на соодветноста на член на надзорен орган на друштво за осигурување од аспект на исполнување на условите за вршење на функцијата член на надзорен орган во друштвото за осигурување пропишани со Законот за супервизија на осигурување, Законот за трговските друштва, овој правилник и останатите прописи.
(2) Со политиката за избор и оценка од ставот (1) а овој член детално се пропишуваат:
1. условите за вршење на функцијата член на надзорен орган во друштвото за осигурување, вклучувајќи ја надлежноста на членовите, нивните стручни квалификации, знаење и искуство пропишани со Законот за супервизија на осигурување, Законот за трговските друштва, овој правилник и останатите прописи, притоа водејќи сметка надзорниот орган на друштвото колективно да поседува соодветни квалификации, знаење и искуство поврзано со:
- пазарите на осигурување и финансиските пазари;
- деловната стратегија и бизнис моделите;
- систем на управување;
- финансиска и актуарска анализа;
- регуаторна рамка и регулаторни барања.