„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Одлука за одобрување на изменувањето и дополнувањето на урбанистичкиот проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен коридор 10Д

20.05.2024

Врз основа на член 63-а став (13) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 32/20 и 111/23), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 23 април 2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ИЗМЕНУВАЊЕТО И ДОПОЛНУВАЊЕТО НА УРБАНИСТИЧКИОТ ПРОЕКТ ЗА ГРАДБИ ОД СТРАТЕШКИ ИНТЕРЕС ЗА ИЗГРАДБА НА ПАТЕН КОРИДОР 10Д, ДЕЛНИЦА НА АВТОПАТ: ПРИЛЕП –БИТОЛА, ОПШТИНА ПРИЛЕП, ОПШТИНА МОГИЛА И ОПШТИНА БИТОЛА (КМ 7+825.81 – 37+072) ОД КМ 7+825 ДО КМ 11+740 СО ПРИСТАП ДО ПРОПРАТНИ СОДРЖИНИ ЗА ПАТНИОТ КОРИДОР
 
Член 1
Со оваа одлука се одобрува Изменувањето и дополнувањето на Урбанистичкиот проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен коридор 10Д, делница на Автопат: Прилеп – Битола, Општина Прилеп, Општина Могила и Општина Битола (км 7+825.81 –37+072) од км 7+825 до км 11+740, со пристап до пропратни содржини за патниот коридор, со тех. бр. ППР.016-03-24 од април 2024 година, изработен од Градежен институт „Македонија“ АД - Скопје.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-4371/4
23 април 2024 година
Скопје
 
Претседател на Владата
на Република Северна Македонија,
 м-р Талат Џафери/Talat Xhaferi, с.р.