„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
08.03.2022
Предлог законот за изменување на Законот за акцизите содржи 3 члена.
Со членот 1 се предвидува намалување на висината на акцизата за 50% на бензинот и дизелот, а кај течниот природен гас за 100%. Со намалување на акцизата за литар бензин за 11 денари, цената за граѓаните ќе се намали за 13 денари како резултат на дополнителните 18% ДДВ за секој литар. Со намалување на акцизата за литар дизел гориво за 8 денари, цената за граѓаните ќе се намали за 9,5 денари како резултат на дополнителните 18% ДДВ за секој литар.
Со членот 2 се овластува Законодавно - правната комисија да утврди пречистен текст на законот заради полесна примена на истиот.
Со членот 3 е уредено влегувањето во сила на законот.