„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Одлука за пристапување на РСМ кон амандманот на конвенција за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Софија на 27 февруари 2001 година и амандманот на конвенција за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Цавтат на 4 јуни 2004 година

29.05.2024

Врз основа на член 36 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 142/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), а во врска со член 17 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/98), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 21 мај 2024 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОН АМАНДМАНОТ НА КОНВЕНЦИЈА ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ПРЕКУГРАНИЧЕН КОНТЕКСТ УСВОЕН ВО СОФИЈА, НА 27 ФЕВРУАРИ 2001 ГОДИНА И АМАНДМАНОТ НА КОНВЕНЦИЈА ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ПРЕКУГРАНИЧЕН КОНТЕКСТ УСВОЕН ВО ЦАВТАТ, НА 4 ЈУНИ 2004 ГОДИНА
 
1. Република Северна Македонија да пристапи кон Амандманот на Конвенција за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Софија, на 27 февруари 2001 година и Амандманот на Конвенција за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Цавтат, на 4 јуни 2004 година.
2. Се задолжува Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука.
3. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 41-4456/3
21 мај 2024 година
Скопје
 
Претседател на Владата
на Република Северна Македонија,
м-р Талат Џафери/Talat Xhaferi, с.р.