„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Здружение на финансиски организации

Здружението на финансиски организации на 27.6.2019 година одржа конститутивна седница на којашто беше избран Управен одбор составен од компании од различни финансиски дејности, а воедно беше усвоена и Програмата за работа преку која ќе ги спроведува предвидените активности.

Иницијативата за формирање Здружение на финансиски организации е поттикната од се` поголемата интегрираност и комплементарност на домашниот финансиски систем и од растечката појава на финансиските друштва што пак е резултат на обезбедување софистицирани услуги во согласност со потребите на граѓаните и приватниот сектор.

Една од главните цели е идентификување на предизвиците кои се однесуваат на целиот финансиски сектор со цел изнаоѓање сеопфатни решенија што резултираат со создавање основа за поуспешно работење на компаниите од овој сектор, но ќе се обидеме да воведеме и некои нови програми и проекти кои ќе придонесат за зајакнување на финансискиот систем, негово унапредување и доближување кон сите засегнати страни.

Ова Здружение е единствен облик на здружување коешто ги обединува сите чинители во финансискиот сектор, почнувајќи од банкарските организации, осигурителните друштва, друштвата за управување со пензиски фондови, небанкарските финансиски друштва, лизинг компаниите и штедилниците поттикнувајќи ги на заеднички ангажман и долгорочна соработка преку олеснување на реализирањето на интерсекторски форми на соработка помеѓу  разните видови финансиски институции.

Финансискиот сектор во Македонија е многу важен за целокупната економија и оттука сметаме дека преку Здружението на финансиски организации ќе може да даде голем придонес за развој на регулативата и на многу подобар начин ќе можат да се артикулираат интересите и барањата на финансискиот сектор.
Финансискиот систем има клучна улога во економскиот развој на земјата. Тој ги овозможува и промовира и штедењето и инвестициите, но и создава врска помеѓу сите негови чинители, а воедно и ја олеснува експанзијата на финансиските пазари.


ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Ѓорѓе Војновиќ Претседател, ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Скопје

Филип Димитровски Заменик претседател, Финансиско друштво Тиго Фајнанс ДООЕЛ Скопје, Скопје

Весна Ѓорчева, ОСИГУРУВАЊЕ МАКЕДОНИЈА А.Д. Скопје- Виена Иншуренс Груп, Скопје

Весна Стојановска, КБ ПРВО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО, Скопје

Маја Станковска Костова, КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ- ЖИВОТ АД, Скопје

Марјан Манчев, ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ ДОО Скопје, Скопје

м-р Ралица Губерова, ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ, Скопје

Филомена Пљаковска Аспровска, Интернационален картичен систем - КАСИС Скопје, Скопје


Финансискиот систем има клучна улога во економскиот развој на земјата и затоа зачувувањето на финансиската стабилност останува приоритет.

Банките зафаќаат најголем дел од финансискиот систем и имаат најголемо значење за одржување на стабилноста на целокупниот финансиски систем, како и на останатите институционални сегменти, коишто чуваат позначителен дел од својата актива во форма на депозити вложени кај банките.

Пензиските фондови, како финансиски посредници и институционални инвеститори се значајни за одржување на долгорочната финансиска стабилност поради пензиските заштеди на секторот „домаќинства“ кај нив.

Според големината на активата, осигурителниот сектор е третиот сегмент во финансискиот систем на Република Северна Македонија којшто има значителен потенцијал за натамошен развој во двата сегмента од осигурувањето – животно и неживотно осигурување.

Значењето на штедилниците за македонскиот финансиски систем е мало, пред сè поради малиот обем на нивните активности. Штедилниците имаат свое значење за финансиската вклученост, бидејќи покриваат одреден постојан (иако мал) сегмент од кредитниот пазар, којшто има полесен пристап до извори на финансирање од штедилниците отколку од банките.

По период од пет последователни години на намалување на активностите, во последните две години, секторот лизинг заживеа, остварувајќи двоцифрени стапки на раст на активностите. Малото значење на друштвата за лизинг за севкупната финансиска стабилност се согледува и преку нивната слаба поврзаност со останатите сегменти од финансискиот систем.

И покрај забележителниот раст на активностите на финансиските друштва, нивното значењето за севкупната финансиска стабилност, од аспект на обемот на нивните активности и на поврзаноста со останатите сегменти од финансискиот систем е мало. Според видот на активностите коишто ги вршат, финансиските друштва би требало да претставуваат еден вид дополнување на кредитната активност на банките и штедилниците, особено за клиентите коишто имаат ограничен пристап до кредитите на банките поради нивните поконзервативни кредитни политики.

 Извештај на ММФ: Зачувувањето на финансиската стабилност останува приоритет, банкарскиот систем е стабилен
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го објави Извештајот за нашата земја, подготвен при носењето на одлуката за финансиска поддршка преку Инструментот за брзо финансирање. Во Извештајот е констатирано дека пред да започне пандемијата на ковид-19, основите на македонската економија се оценети како здрави. Според ММФ, тоа е видливо преку солидниот и дисперзиран економски раст, одржливата надворешна позиција, како и висококапитализираниот и ликвиден банкарски систем, со ниско учество на нефункционалното во вкупното кредитно портфолио. Понатаму фокусот е ставен на очекуваните ефекти од актуелниот шок од неекономски карактер, при што досега преземените мерки и активности за поддршка на економијата, се оценуваат како соодветни. (Повеќе)

Банкарскиот сектор е еден од најдобро стоечкиот кај нас - дали и колку тој може да излезе во пресрет на кризата
Функционирањето на банкарскиот систем е исклучително важно бидејќи тој треба да влијае на ликвидноста, да кредитира и да помага на приватниот сектор и во кризата, но и во иднина.
Согласно последните податоци на Народната Банка, банкарскиот систем останува здрав и стабилен и има капацитет да се справи со шоковите коишто ги предизвикува состојбата со коронавирусот. (Повеќе)

team-2

26.01.2023

Осигурителните компании доделија стипендии со можност за вработување за 12 студенти со висок просек на Економски факултет – Скопје

Дванаесет студенти на Економскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј; (УКИМ) во Скопје добија стипендии од 10 осигурителни компании. Иницијативата за отпочнување на сора...


Контакт лице: м-р Антонета Манова Ставреска
Проектен менаџер

Телефон: + 389 2 3244060
Е-адреса: [email protected]