„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Во Здружението на енергетиката членуваат фирми кои се занимаваат со енергетски дејности.
Во согласност со Правилата за организацијата и начинот на работа, Здружението на енергетиката има за цел да :
• разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда и организира саеми, изложби, стопански делегации што се од посебен интерес на членовите на Здружението;
• ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, имајќи ги предвид и интересите на стопанството во целина;
• усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи;
• разгледува предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите;
• иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес на членовите од други здруженија во рамките на Комората и меѓународна соработка во согласност со програмските активности и општите акти на Комората;
• работи на унапредување на бизнис-климата во земјата, ги поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста;
• ја промовира Комората како задолжително, неутрално место за консултирање на бизнисот за сите прашања од интерес на стопанството.
На седницата на Здружението на енергетиката одржана на 7 февруари 2020 година за претседател е избран Ристо Јаневски од ОКТА АД Скопје, а за заменик - претседател е избран Игор Гиевски од ЕВН Македонија АД Скопје.
На истата седница, за преставници во собранието на Стопанска комора на Македонија, Здружението ги избра:
1. Игор Гиевски -ЕВН Македонија АД Скопје
2. Ристо Јаневски -ОКТА АД Скопје
3. Димитар Кочовски - ТЕ-ТО АД Скопје
4. Митко Кржовски -ЕДС ДОО
5. Тони Каранфоловски -Детоил ДОО
23.02.2023
Здружението на енергетика одржа седница која ја водеше претседателот на здружението, д-р Ристо Јаневски, кој ги воведе присутните на состанокот со општата констатација дека инсталацијат...