„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
09.03.2023
Во печатеното издание на магазинот Економија и Бизнис за месец март, Групацијата на обновливи извори на енергија при Стопанската комора учествува со прилог во кој преку интервју, претседателот на Групацијата, Тодор Анѓушев сподели осврт за работата на Групацијата, став кон актуелната енергетска криза, елдорадото од фотоволтаични централи, како и препорака за пристап кон решавање на актуелниот проблем.
Групацијата Фероинвест, ЕВН Македонија и Хидро енерџи гроуп, како компании-членки на Групацијата на обновливи извори на енергија, ја презентираа тековната состојба во енергетскиот сектор во рамки на нивните компании, како и нивното портфолио составено од успешни енергетски проекти.
„Елдорадото за фотоволтаици, ако биде без контрола и без план, може да доведе до тоа инвеститорите да не можат да ги вратат средствата кои ги вложиле. Системот не може да прими толку енергија, а и да може, таа енергија ќе нема каде да се потроши во земјава, а нема ни да може да се извезе затоа што се инвестира и во регионот. Затоа мора да се гради плански и да се вложува во начини за складирање на енергијата.“ - Тодор Анѓушев, претседател на Групацијата на обновливи извори на енергија и директор на Energy Maintenance Solutions.
Линк до интервјуата:
https://ekonomijaibiznis.mk/News.aspx?IdNews=26431
https://ekonomijaibiznis.mk/News.aspx?IdNews=26432