„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

СЕРТИФИКАТНА МАРКА - Посебен идентитет за македонските производи и услуги

22.08.2022

Сертификатната марка е наменета исклучиво за производот или за услугата за која е дадено правото на користење и се користи преку аплицирање на амбалажата, преку поставување на веб-страницата на која се рекламира производот/услугата и преку др. промотивни и комерцијални материјали. Таа вклучува и дигитален QR-код, преку кој се проверува веродостојноста директно на веб-страницата на Стопанската комора на Северна Македонија, како издавач, а преку посебен линк кој води до каталогот на производи на „ГС1 Македонија“, како издавач на глобален број на трговската единица, бар кодот, може да се проверат и карактеристиките на производот.

Производот или услугата мора да има висок квалитет и да е произведен во Република Северна Македонија, создаден со доминантно учество на македонски труд и со материјали од најмалку 60 %. Производот, односно услугата треба да се карактеризира со добра функционалност, употребливост, современ дизајн и со издржливост; да биде изработен од материјали со екстра квалитет, при што ќе биде обезбедна примена на еколошките стандарди, а на пазарот да е најмалку една година.