„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Од здруженијата

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НЕТО ПЛАТИТЕ, ВО ПРВОТО ТРОМЕСЕЧИЕ ОД ГОДИНАТА, ЕКСТРЕМНО НАМАЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРЕНИ И ИЗВРШЕНИ РАБОТИ ВО СЕКТОРОТ ГРАДЕЖНИШТВО

30.05.2023

ОД ПОДАТОЦИТЕ ВО СЕКТОРОТ ГРАДЕЖНИШТВО ВО ПРВОТО ТРОМЕСЕЧИЕ ОД ГОДИНАТА

На редовната седница на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите една од темите отворени за дискусија беше моменталниот преглед на состојбите на градежништвото.

Согласно податоците од првиот квартал од 2023 година на Државниот завод за статистика кои се од јавен карактер, може да се увиди дека во градежништвото како сектор продолжува константноста на трендот на покачување на платите за вработените, и покрај тоа има екстремно намамлување на договорените и извршени работи во секторот.
,,Неминовно е дека ние како фела, се придржуваме кон законските регулативи и продолжуваме позитивно да влијаеме врз работната атмосферата  да ги задржиме работниците овде,,  истакна претседателот на здружението Андреа Серафимовски.

Присутните констатираа дека она што загрижува моментално се измените на Законот за облигациони односи како и Законот за Извршување, разноличноста на поставувањето на условите во јавните набавки, а сето тоа се одразува врз целокупниот деловен амбиент на компаниите.
На седницата беа избрани и нов член на Управниот одбор на Здружението, г-ди Агрон Нухиу главен и извршен директор на компанијата АК Инвест, како и претставник на Здружението во Собранието на Стопанската комора на Северна македонија, д-р Илијос Вилос кој е проф. д-р на Техничкиот факултет во Битола кој своето искуство и знаење несебично ги споделува и во реалниот сектор.

Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали упати огромна благодарност на претставниците од ,,ДГ Бетон,, Скопје за досегашниот придонес и остварените резултати во работењето, како во Управниот одбор на Здружението, така и во Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија.