„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

КАКО РАСТОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ДА ГО ТРАНСФОРМИРАМЕ ВО РАЗВОЈ

01.11.2023

НА ДЕНОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО 14 СТУДЕНТИ МАТЕМАТИЧАРИ ОД ПМФ ДОБИЈА СТИПЕНДИИ ОД ОСИГУРИТЕЛНИТЕ КОМПАНИИ

(ПМФ) кои ќе добијат можност за пракса во компаниите за осигурување, но и стипендија од 1.000 евра во денарска противвредност. Целта е промоција, подигање на свесноста и афирмација во јавноста на актуарската професија која е дејност од суштинско значење во осигурувањето, а воедно и високо ценета и добро платена. Компаниите кои се вклучија во процњесот на стипендирање се Триглав осигурување живот, Кроација осигурување – неживот, Еуролинк, Триглав осигурување неживот, Граве неживот, Уника Лајф, Граве живот, Халк Осигурување, Уника, Евроинс, Сава Осигурување, Кроација осигурување – живот, Винер Лајф и Македонија осигурување ВИГ. Во име на студентите-стипендисти се заблагодари Даворин Трпевски, декан на ПМФ.
Дополнително, регулаторот на осигурителниот пазар АСО на националниот ден на осигурувањето додели награда на млад истражувач за најдобар научен труд од областа на управување со ризици и осигурување, во вредност од 80.000 денари.
Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО, посочи дека со поддршка на младите кадри сите ние заедно придонесуваме за заедницата, младите, перспективни и квалитетни кадри, да одлучат да останат во земјава, тука да се реализираат професионално, да основаат семејства и да придонесуваат во развојот на нашето општество. Посветено, вели Шајноски работиме заедно со членовите на Советот на експерти на АСО и  со сите од индустријата, на тоа да создаваме општествено корисни практики. Тие се алатки со кои во перцепцијата на домашната јавност осигурувањето ќе се позиционира како општествено одговорна дејност. И тоа, сериозно, значајно придонесува за градењето на довербата и тоа како е потребна за квалитетен раст на овој бизнис. 
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во своето обраќање по повод денот на осигурувањето истакна дека е навистина од големо значење тоа што денеска зборуваме за тоа како растот на осигурувањето да го трансформираме во долгорочен развој бидејќи само така ќе ги промовираме потенцијалите на оваа област, но и ќе ги презентираме можностите пред овие млади луѓе. Токму тие и нивната неисцрпна енергија се носителите на нашиот развој и носителите на нашата иднина.

Обраќајќи се пред присутните престедателката на Групацијата за осигурување при Стопанската комора Ралица Губерова, истакна дека единствено преку заеднички активности на сите учесници на пазарот на осигурување, со поддршка и координација од страна на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурување, заедно можеме да влијаеме за зголемување на бројот на осигуреници, зголемување на стапката на пенетрација на осигурувањето, за крајно да обезбедиме развој на целокупниот пазар на осигурување. Ова секако ќе ја подигне важноста и значењето на осигурувањето, ќе имаме се повеќе задоволни осигуреници, а друштвата за осигурување ќе станат поатрактивно место за работа на квалитетен кадар кој ќе биде мотовиран да го вложи своето време и труд во развој на овој значаен сектор за економијата и општеството во целина.“
Во склоп на одбележувањето на денот на осигурување се одржа и панел дискусија под работен наслов „Како растот на осигурувањето да го трансформираме во развој“. На панелот уечствуваа Шајноски, претставник на регулаторот АСО, Бранко Азески, претседател на „Стопанската комора“, Филип Николоски, заменик министер за финансии, а претставници на осигурителните друштва беа: Христина Џамбазовска Анастасов, директор на „Триглав живот“ и Климе Попоски, директор на „Винер неживот“. Се дебатирашре за новиот закон за осигурување, за  процесот на либерализација на автомобилското осигурување и зелената карта како и за значењето на квалитетниот прием на штети кај осигурувањето живот. Основата на секоја дебата во „Куќата на бизнисот“, според претседателот на Стопанслата комора Бранко Азески има порака дека само со лидертсво и заедништво може да се посигнат повисоки цели и оваа дејност да биде креатор на нови форми и политки како растот на осигурувањето да го трасформираме во развој.