„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ОДРЖЛИВО РУДАРСТВО, КЛУЧНИ АСПЕКТИ ОД СТРАТЕГИЈА ЗА ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА И ОДРЖЛИВО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА МИНЕРАЛНИТЕ СУРОВИНИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2025 – 2045

20.11.2023

Во текот на редовната седница на Македонската Асоцијација на рударство, во соработка со професор д-р Блажо Боев и д-р Александар Дединец, претставници на изготвувачот на „Стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини на Република Северна Македонија 2025 – 2045“, се одржа кратка презентација на нацрт – верзија на стратегијата пред компаниите членки на Македонската Асоцијација на рударство (МАР). На седницата со свој претставник (државен советник за минерални суровини г-дин Флорент Чиче), зема учество и нарачателот на стратегијата, Министерството за економија.

Процесот на изготвување на стратегијата вклучи многу стручњаци и експерти, вклучувајќи ги и претставниците од Асоцијацијат за рударство при Комората. Проф. д-р Блажо Боев и д-р Александар Дединец, презентирајќи ја Стратегијата истакнаа значајни точки во стратегијата кои ќе имаат значително влијание врз развојот и одржливоста на рударскиот сектор во периодот од 2025 до 2045 година.
Стратегијата посветена на геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини има за цел да го поддржи развојот на рударството во согласност со највисоките стандарди на одржливост и заштита на животната средина. 
Констатацијата на членките на МАР е дека ќе продолжи да соработува со владините институции и стратешките партнери за успешната имплементација на стратегијата, обезбедувајќи рамни услови за развој и иновации во рударскиот сектор.
,,Веруваме дека оваа стратегија ќе биде основа за постигнување на високите стандарди и раст на рударскиот сектор во Република Северна Македонија. Нашиот заемен ангажман и соработка со сите заинтересирани страни ќе бидат клучни за успешната реализација на замислата за стратегијата за периодот пред нас,,-  заклучи претседателот на МАР, Ивица Телевски.