„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
22.11.2023
Од секогаш сум бил приврзаник на традициите. Високите бројки ме импресионирале. Има многу такви успешни приказни, но една од нив, што ми е особено драга, е фестивалот на младото вино во Кавадарци, организиран од „Тиквеш“, кој се одржува секоја година. Оваа година беше 14ти по ред.
Ретко кога ќе најдете политичари на овој фестивал, затоа што во најголем дел тоа се љубители на виното и бизнисмените. Секогаш се чувствувам како дома, во пријатна атмосфера. За организацијата не сакам да зборувам, таа е на највисоко ниво. А улогата на г-динот Светозар Јаневски е посебна - тој бил, е и секогаш ќе биде предводник на модерните трендови во бизнисот. На новата директорка на „Тиквеш“ ѝ изразувам многу успех во работата.
Оваа година, фестивалот како да имаше нешто посебно. А тоа е заедничкото дружење на бизнисмените од Стопанската комора на Северна Македонија. Тие, во моменти кои не се толку поволни за бизнисот, демонстрираа сплотеност и заедништво.
Најдобро тоа го кажуваат сликите кои ви ги ставам на располагање.
Една слика илјада зборови.