„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
07.02.2023
На 03.02.2023 година во Штип се одржа дебата под мотото ,,Учи паметно, работи стручно“ на која учествуваа претставници на средните стручни училишта, бизнис секторот од Штип, како и претставник од Стопанската комора на Северна Македонија. Во име на Општина Штип пред присутните се обрати Снежана Санева, раководител на Секторот за образование во Општина Штип, којашто истакна дека целта на оваа дебата е да се презнтираат придобивките од дуалното образование, односно учењето преку пракса. “Во Штип ова се практикува од претходната година од кога се опфатени околу 40 ученика во трите средни стручни училишта. Тенденција е оваа година да се запишат поголем број на ученици, кои ќе учат со поголем број часови по пракса”- изјави Санева.
Бенeфитите од дуалната паралелка се гледаат веќе во втора година, првата година е општо образовна како за сите профили. Ние веќе од септември очекуваме нашите работодавачи со кои склучивме договор да дадат техничка соработка, да ги отворат вратите за учениците и да ја применуваат програмата за учење преку работа кај работодавач. Разликата е единствено само зголемениот број на практична настава“,- вели Марија Николиќ директор на средното медицинско училиште „Јане Сандански“- Штип
Има заинтересираност и од страна на учениците да се запишат и да изучуваат дуално образованние, во средното текстилно училиште, а директорките на средното текстилно училиште и средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ се задоволни од отвореноста на компаниите за соработка со учениците.
Стопанската комора на Северна Македонија одамна е активно вклучена во образовните процеси и креирањето на образовни политики кои го поттикнуваат вклучувањето на работодавачите во реализацијата на некоја од формите на дуално образование,а во социјалниот дијалог насловен: „Учи паметно-работи стручно“ комората е од самиот почеток. Покрај вклученоста во изработка на над 85 образовни програми, упатства и стандарди, комората е вклучена и во работната група за подготовка на новиот закон за стручно образование и обука. Исто така се имплементира и обука за стручен кадар-ментори во компании па затоа комората може да се пофали со бројка од 500 сертифицирани ментори во компании од страна на Комората.
Социјалниот дијалот „Учи паметно – работи стручно“, има цел да ја подигне јавната свест за средното стручно образование, да едуцира и информира за неговата важност за националната економија. Консултациите ги предводат претставници на Владата, министерството за образование и наука, градоначалници, компании и стручни училишта, на кои се дискутира за потребите на реалниот сектор од отворање на дуални паралелки во средните стручни училишта, за наставните програми и за уписните политики во средните стручни училишта.