„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Иуте Кредит Македонија се ребрендира во Иуте

22.12.2023

Стануваме целосен и вистински финансиски партнер на граѓаните, преку одговорно, безбедно и сосема поразличнo дигитално корисничко искуство

Компанијата Иуте Кредит Македонија, која е дел од групацијата Иуте Естонија со  седиште во Талин, официјално започна со процесот на ребрендирање по чиешто комплетирање ќе продолжи да работи под името Иуте. Ребрендирањето е дел од стратегијата на групацијата за проширување на обемот на работа и услуги на пазарот, со што покрај кредитирањето ќе се понудат платежни услуги и осигурување.

„Ребрендирањето на компанијата од Иуте Кредит во Иуте е резултат на влегување во нови бизнис сегменти на работење, со што како финтек компанија стануваме многу повеќе од компанија за кредитирање на населението. Овој процес е овозможен преку европската директива PSD која има за цел да донесе единствен платен пазар во Европската Унија и со која е усогласен и нашиот закон за платни системи и платежни услуги. Сево ова значи отворање на голема врата за амбициозните идни планови и за Иуте Македонија. На овој начин ќе станеме вистински и целосен финансиски сервис на граѓаните“, изјави  извршниот директор на Иуте, Биљана Мишиќ.

Од Иуте најавуваат дека ќе продолжат со позитивната трансформација на финансискиот пазар  со цел подобрување на финансиската моќ на граѓаните и нивна финансиската инклузија, со понуда на нови услуги и креирање на сосема поразлично дигитално корисничко искуство. Преку високи професионални стандарди, Иуте ќе продолжи да ја извршува својата кредитна дејност на одговорен и транспарентен начин кој не доведува до финансиска презадолженост на населението. За квалитетното управување со ризикот говори фактот што наплатата на обврските до 30 дена изнесува близу 90% од портфолиото на друштвото, односно над 90% на исплатите од тековната година. Компанијата ќе ја усовршува и својата платформа за е-трговија  ширејќи ја партнерската мрежа, која веќе сега вклучува над 650 продажни места. Системот за плаќања на компанијата „Купи сега, плати подоцна“ преку QR код е широко прифатен, како наједноставен и најсигурен начин за купување на рати каде во старт, без скриени трошоци, секој купувач ја знае висината на ратата, односно трошокот кој треба да го плати.

„Изминативе години работевме напорно и посветено за да обезбедиме врвно корисничко искуство, напредни дигитализирани услуги и партнерства кои денес го олеснуваат животот на граѓаните и компаниите. И понатаму ќе продолжиме да бидеме најбрзиот, најкомфорниот и најтранспарентниот провајдер на финансиски услуги, не само во делот на кредитирањето, туку и пошироко. Нашата цел како лидери на пазарот е да продолжиме да се бориме за одговорно кредитирање без презадолжување, финансиски да ги едуцираме граѓаните во однос на внимателно планирање на личните финансии и семејниот буџет, како и да охрабруваме унапредување на регулаторната рамка со цел подобрување на позицијата на индустријата. Иуте Кредит е воедно единствена финтек компанија на пазарот која поседува мобилна апликација преку која можат да се завршат буквално сите процедури, од информација, предодобрен лимит, до апликација, проверување на идентитетот преку напреден систем за електронска идентификација, се до дигитално потпишување на договорот. Горди сме што нашата апликација Myiute е една од најсимнуваните апликации во земјава, броејќи повеќе од 150.000 корисници. “, вели Мишиќ.

Со ребрендирањето и најавата на идни планови, Иуте Кредит започнува ново поглавје во финтек револуцијата, црпејќи искуство, знаење и технологија од Иуте групацијата од Естонија,  дигитално најразвиената земја во Европа.

*****

Иуте Македонија е финтек лидер на пазарот и респектабилен правен субјект кој има големи планови и потенцијали за раст. Компанијата е дел од Групацијата Иуте Естонија, водечка финтек групација во Европа, која оваа година одбележа 15 години од своето постоење. Денес Иуте Македонија брои 90 вработени, со плaнови за проширување во 6 нови градови во 2024 година. Во изминатите 7 години постоење на македонскиот пазар, друштвото обезбеди пристап до финасии во износ од над 150 милиони еур на 120.000 клиенти. Моменталното редовно високо квалитетно портфолио на компанијата изнесува 25 милиони еур, броејќи 25.000 активни клиенти. Очекуваните приходи на друштвото за 2023 изнесуваат 18 милиони еур, а очекуваната неоданочена добивка изнесува  близу 1 милион евра.