„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА: ПРОМОВИРАНА НОВА АЛАТКА ЗА МЕРЕЊЕ НА ДИГИТАЛНАТА ЗРЕЛОСТ НА ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ

22.04.2024

Од иницијатива до реализација - Коморите на Македонија, Словенија и Хрватска преку проектна активност ќе поттикнуваат дитигализација во секторот градежништво

Меѓународниот саем за градежништво и градежни материјали „МЕГРА 2024“ кој се одржа во периодот 17-19 април 2024 година, во Горна Радгона, Словенија беше местото каде што и официјално беше промовирана дигиталната алатка за автоматска проценка (DIG-IN-KPI-AAT) на настан организиран од Стопанската комора на Словенија на 18 април 2024 година. Оваа алатка произлезе на иницијатива на Коморите од Словенија, Хрватска и Македонија за поттикување на дигитализација кај компаниите од секторот градежништво и градежни материјали, кои како на ниво ЕУ, така и во Македонија, бележат меѓу најниските нивоа на дигитализација. Оттука во рамките на проектот „Дигиталната трансформација се пробива кон бизнисите – развој на клучни индикатори за перформанси за зголемување на продуктивноста на секторот – DIG-IN-KPI“ беа развиени 55 клучни индикатори за успешност кои систематизирани во 10 области (Дигитална трансформација, проектен дел, список на зафати, финансиска процена, планирање однапред, фактурирање, надгледување на проектните финансии и времето, деловен дел, планови, меѓуоперативност), преку дигитална алатка ќе понудат насоки и конкретни решенија а заврзување на дигиталната трансформација во компаниите како двигател за оперативна извонредност. Структурата на алатката, начинот на пресметка на индикаторите и толкувањето на одговорите беа равиени од компанијата Axis, додека развојот на софтверското решение е производ на компанијата Artcur која развива алатки за автоматска проценка.
Што претставува DIG-IN-KPI AAT
„Дигиталната алатка DIG-IN-KPI AAT го автоматизира процесот на производство на проценки за степенот на дигитална зрелост на градежните компании и проценка на нивото на дигитална зрелост на компанијата. Извештајот кој на крај го добиваат компаниите вклучува визуелизација и темелна интерпретација на резултатите, како и персонализирани препораки кои ќе им помогнат на компаниите да добијат клучни информации во насока на препознавање на објективната состојба на дигитализација и идентификување области за напредок и оптимизација на деловните и производствените процеси“.
Алатката е достапна за користење за сите заинтересирани компании од секторот градежништво и градежни материјали давајќи им насока на компаниите за можностите за подобрување на дигитализацијата на проектите и деловните процеси во компанијата.
Колку повеќе компании го пополнуваат прашалникот, толку порепрезентативни податоци за степенот на дигитализација на градежните договорни компании ќе се добијат. Овие податоци ќе бидат статистички обработени и презентирани во извештај кој ќе биде објавен на веб-страницата на проектот, како и на веб страната на Стопанската комора на Северна Македонија. Извештајот ќе покаже просечни стапки на дигитализација по сектори и по поединечен индикатор, во зависност од земјата и големината на компанијата.
На веб-страницата, исто така, ќе бидат објавени софтверските алатки и апликации што се користат во од страна на компании од секторот, а кои се застапени во земјите од регионот, од Словенија до Македонија и ќе ги опише нивоата на дигитализација што тие ги постигнуваат. Ова ќе ви даде преглед на најчесто користените алатки и ќе ви овозможи да ги споредите алатките што ги користите сега со оние со кои се достигнува повисоко нивоа на дигитализација.
Покрај промоција на алатката, на Саемот присуствуваше и делегација од пет македонски компании („Адинг“ Скопје, „Баутек“ Скопје, „БИМ“ Свети Николе, ГД „Гранит“ – Скопје и „Усјепор“ Скопје) кои имаа можност да остварат средби со потенцијални партнери од Словенија, Хрватска, Унгарија и Австрија, но и да разменат искуства со претставници на коморите од Словенија и Хрватска во насока на информирање за престојните инфраструктурни проекти во секоја од земјите и можноста за соработка и користење на експертиза во изведба и градежни материјали произведени во Македонија кои ги задоволуваат светските стандарди.
Финансиранo од Европската Унија. Изразените ставови и мислења се исклучиво на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите и мислењата на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив.