„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
06.09.2024
Претседателот на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Северна Македонија, проф. д-р. Кочо Анѓушев одржа координативна седница за соодветно организирање на компаниите-членки во пресрет на периодот во кој ќе се изработуваат клучните закони од областа на енергетика.
На седницата, на која присуствуваа голем број претставници на компаниите, се разговараше за постоечките законски решенија и потребата од подобрување на истите со цел усогласување со европските начела, но и обезбедување простор за имплементација на нови технологии согласно реалните потреби на енергетскиот систем во целост.
МЕА е согласна дека транспарентното работење, соработката и активното учество на компаниите од сите сектори ќе бидат клучни за креирање соодветна легислатива која ќе ги опфати сите области на енергетиката со цел функционалност на целиот енергетски систем.