„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ВО ПОСЕТА НА МАМАС-КОМОРАТА Е ГОРДА НА НАШИТЕ МАКЕДОНСКИ БРЕНДОВИ ПРИСУТНИ НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ

28.11.2022

„МАМА’S“ - Mакедонски традиционални рецепти. Брендот брои 15 производи меѓу кои се добро познатиот MAMA’S Ајвар, малиџано, салса, слатко од киви, слатко од смокви и ореви, корнишони, тавче гравче, подварок.

Компанијата „ТРГОПРОДУКТ“ од Струмица веќе 12 години создава познат Македонски бренд кој над 90% е извозно ориентиран на пазарите во Скандинавија, Германија, Америка, Австралија, Канада, земјите од поширокото соседство а брои околу 100 вработени во нивната компанија .

Кризниот штаб на Комората оствари средба со сопственикот на компанијата Бобан Заев каде што се запозна со предизвиците предизвикани од енергетсктата криза на светско ниво со кои се соочува и оваа компанија, но и каде одблизу ги виде успесите и развојот на истата. Членка на Комората од нејзиното постоење, учесник на саемите посебно познатата “АНУГА” во Германија и “Фенси фуд” во Њујорк но и на сите манифестации на кои се следат најновите трендови и на кои се претставува македонскиот квалитет и склучуваат нови партнерства за освојување на нови пазари. На средбата, потпретседателот на Стопанската комора на Северна Македонија д-р Јелисавета Георгиева Јовевска и сопственикот  на ТРГОПРОДУКТ - Струмица, Бобан Заев разговараа за моменталната состојба во стопанството.

Од страна на г-дин Заев беа претставени идните планови и активности на компанијата. Тој ја потенцираше важноста од присутноста на Комората до своето членство, поддршката во заедничка организација и настап на саемските манифестации, помагање во отстранување на одредени административни бариери и слично. Во разговорот беше потенцирана важноста за Законот за работни односи, посебно во делот на „Недела неработен ден” и потребата на стопанството од непречено изведување на секојдневните активности поради нивниот техничко-технолошки процес.

 

 

Минатата година компанијата водена од потребите на потрошувачите од една како и од трендовите од друга страна прави исчекор и го проширува своето портфолио со производство на органски ајвар. Органскиот ајвар што го произвеле со договорното производство завршил на пазарите во Швајцарија, Германија и Франција како најпребирливи пазари во однос на храна, особено на органски производи. Органскиот ајвар веќе го развиваат и шират неговото производството низ целиот свет.

Бидејќи иновацијата секогаш е главна движечка сила на една компанија, по долго истражување и усовршување на различни рецепти, нивниот тим оваа година открива нови SUPERFOOD (СУПЕРФУД) кремови. Тоа се новите вегански кремови, нискокалорични, без шеќер и присуство на млечни производи. Подготвени со 100% природни состојки и достапни во два различни вкуса: MAMA’S Ванила крем (од печена тиква, маџун, ванила, цимет и сок од портокал) и MAMA’S Какао крем (од печена тиква, маџун, ванила, какао, цимет и сок од портокал).