„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Здружение на трговијата

Здружението на трговијата е стручен облик на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија, преку кој членовите на Комората од дејноста на трговијата, самостојно одлучуваат и вршат работи и задачи од интерес за соодветната дејност.
Здружението ги обединува и артикулира интересите на правните субјекти кај кои претежна дејност е трговијата на големо или трговијата на мало.
Членките во здружението имаат можност согласно своите потреби и интереси да формираат постојани организациони форми преку кои ќе ги идентификуваат, дефинираат и сублимираат специфичните интереси.
Според Правилата за организацијата и начинот на работа на Здружението на трговијата (линк, основни цели и задачи на ова Здружение пред се’ се:

- разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда и организира саеми, изложби, стопански делегации што се од посебен интерес на членовите на Здружението;
- усогласување на пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, имајќи ги предвид и интересите на стопанството во целина; - усвојување заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи; - разгледување предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите; - иницирање и остварување соработка по прашања од заеднички интерес на членовите од други здруженија во рамките на Комората и меѓународна соработка во согласност со прогамските активности и општите акти на Комората; - унапредување на бизнис-климата во земјата, преку поттикнување на имплементација на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста; - ја промовира Комората како задолжително, неутрално место за консултирање на бизнисот за сите прашања од интерес на стопанството. - градењето на стабилни и продлабочени партнерски односи со надлежните државни органи и институции, а особено со Министерството за економија и надлежните инспекциски органи, во функција на создавање здрава клима на лојална конкурентска основа.

Соработката и партнерскиот однос со надлежните државни органи и институции е од посебно значење, чиј бенефит би бил во можноста за проактивна превенција во донесувањето и спроведувањето на законската и подзаконската регулатива, во сузбивање на сивата економија и нелојалната конкуренција на пазарот и сл.. Ваквата соработка резултира со зголемена ефикасност, добра стопанска клима, континуран пораст на квалитетот и економски просперитет.
Придобивките од партнерскиот однос треба да бидат взаемни.
Претседател на Здружението на трговијата е Соња Тасевска, МАКО-МАРКЕТ - Скопје
Заменик-претседатели на Здружението на трговијата се Спасе Јакимов, ТУРТЕЛ - Штип и Александар Папеш, ВУРТ МАКЕДОНИЈА - Скопје

ЧЛЕНОВИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Соња Тасевска Претседател, МАКО-МАРКЕТ, Скопје

, РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА, Скопје

Асмир Јахоски, ПУЦКО ПЕТРОЛ, Скопје

Атанас Јошевски, АГРОТЕХНА, Скопје

Даница Личанин Блажеска, РЕПТИЛ, Скопје

Д-р Ѓорги Нацка, АВИЦЕНА, Скопје

Душан Туџаров, РЕПЛЕК ДМС, Скопје

Елизабета Ицева, ВЕРОПУЛОС, Скопје

Иван Ристовски, АВТ ИНТЕРНАТИОНАЛ, Скопје

Јовица Пешиќ, АНГРОКУМ, Куманово

Младен Дамев, СКОПСКИ ПАЗАР, Скопје

Румен Смилевски, МАЛИНА 99, Велес

Спасе Јакимов, ТУРТЕЛ, Штип

Тања Камчева Лазаревиќ, Друштво за трговија на мало и големо КАМ ДОО Илинден, Скопје


ТРГОВИЈА

Индекси на прометот во секторот Трговија, мај 2020 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во мај 2020 година, во споредба со истиот период претходната година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1.0%, а реално за 0.6%) и Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 17.3%, а реално за 6.9%).
Намалување на прометот е забележано во групите Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13.6%, а реално за 11.5%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 7.0%, а реално за 7.1%).
Стоковна размена со странство, јануари - мај 20 20 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодотјануари - мај 20 20 година, изнесува 93 959 795 илјади денари и бележи пораст од 12.7% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодотјануари - мај 20 20 година, изнесува 129 302 397 илјади денари што е за 11.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во овој периодот, изнесува 35 342 602 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2017, изнесува 72.7%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари - мај 2020 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.
Индекси на прометот во секторот Трговија
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во мај 2020 година, во споредба со истиот период минатата година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13.3%, а реално за 13.8%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 17.6%, а реално за 17.6%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 15.6%, а реално за 15.5%)
Број на активни деловни субјекти, 2020 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2020 година изнесува 71 290.
Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 25 429 субјекти или 35.7% и Преработувачка индустрија со 7 918 субјекти или 11.1%.
Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 164 субјекти или 0.2% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 132 субјекти или 0.2%.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 85% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 6.2%, па субјектите со
10 - 19 вработени со 4.2%, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2.5 %, со 1.8% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.
Трговија на големо е набавка на стоки за понатамошна продажба на трговците, преработувачите или големите потрошувачи во земјата или во странство.
Трговија на мало е набавка на стоки за понатамошна продажба на крајните потрошувачи (за лична употреба или за употреба во домаќинството).
Индекси на прометот во секторот Трговија, мај 2020 година
Во трговијата на мало, во мај 2020 година, во споредба со мај 2019 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 14.4%, а реално за 16.2%), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 7.1%, а реално за 9.3%) и Трговија на мало со автомобилски горива( номинално за 5.3%, а реално за 2.2%).
Во изминатите две години во трговијата на мало и во трговијата на големо е реализиран следниот промет (прометот претставува вкупна фактурирана вредност за продажби на стоки и на услуги кон други субјекти):
во “милиони“ денари
дејност
период
индекси
2019
2018
2019/18
-Трговија на големо и на мало
со моторни возила и мотоцикли,
делови и прибор и нивно одржување
23.408
21.676
92,6
-Трговија на големо, освен трговија
со моторни возила и мотоцикли
166.050
193.117
116,3
-Трговија на мало, освен трговија
со моторни возила и мотоцикли
208.731
203.304
97,4
Вкупно:
399.189
418.097
104,7
Вкупниот промет во трговијата на големо и на мало бележи пораст од 4,7% во однос на претходната, 2018 година.
Прометот во трговијата на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка, во периодот јануари-декември 2019 изнесува 21.676 милиони денари и во однос на истиот период од 2018 година е намален за 7,4%.
Прометот во трговијата на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли, во периодот јануари-декември 2019 година изнесува 193.117 милиони денари и во однос на истиот период од 2018 година е зголемен за 16,3%.
Прометот во трговијата на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли во периодот јануари-декември 2019 година, изнесува 203.304 милиони денари и во однос на истиот период од 2018 година е намален за 2,6%,
Во структурата на прометот во трговијата на мало, според начинот на наплата, најголемо е учеството на наплатата во готови пари (над 90%), за разлика од потрошувачките кредити кои учествуваат со околу 1,0% за купување на разни прехрамбени и непрехрамбени производи, освен за купување на моторни возила (каде учеството е околу 12,0%), додека останатите околу 8-9% се однесуваат на наплата на други начини.
Активни деловни субјекти
Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на големо и мало, промет, поправка и одржување на моторни возила на крајот на 2019 година се евидентирани 27.307 активни деловни субјекти, со учество од 36,7% во вкупните активни деловни субјекти во Република Македонија (74.424), со благо намалување во однос на претходната година.
Во структурата на активните деловни субјекти во трговијата, според бројот на вработените во секој од нив, најголема е застапеноста на субјектите со вработеност од 1 до 9 вработени, или 88,4%, потоа од 10-19 вработени (3,0%), од 20-49 вработени (1,3%), од 50-249 вработени (0,3%), додека над 250 вработени има само 13 активни деловни субјекти. Во Република Македонија егзистираат и 1.879 активни деловни субјекти со бројка од нула вработени лица (6,9%)
Вработеност и плати
Според податоците на Државниот завод за статистика вкупниот број на вработени лица во трговијата на големо и мало во 2019 година изнесува 72.247 лица од кои:
 
  • - во трговијата на големо и мало со моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување 3.506 лица,
  • - во трговијата на мало, освен трговија со моторни возила и потоцикли 50.661 лица и
    • - Трговија на мало со храна пијалоци и тутун – 20 791 (41,0%)
    • - Трговија на мало со непрехрамбени производи – 27 395 (54,1%)
    • - Трговија на мало со автомобилски горива – 2 475 (4,9%)
  • - во трговијата на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли 18.080 лица.
Просечно остварената нето плата по вработен во трговијата на големо и мало во 2012 година изнесува 18.982 денари што е за 1,9% поголема од просечната месечна плата во 2011 година.
Капацитети
Согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, трговијата на мало располага со следните капацитети:
 
  • Број на продавници на мало:
    • 22.332 продавници кои се лоцирани на
    • 1.367.063 м2 продажен простор .
  • Тип на продажните објекти ,
    • класични продавници (19.025 или 85,2%),
    • самопослугите (2.291 или 10,3%),
    • супермаркетите, мини-маркетите, драксторите и дисконтите (1.233 или 5,5%),
    • салони за автомобили (90),
    • бутици (623) и др.
  • Од аспект на големината на прометот
    • најголем е бројот на продажни објекти-продавници (9.226 или 41,3%) кој оствариле вкупен промет од 250.000 до 1.500.000 денари, додека
    • најмал е бројот на продавници (96 или 0,4%) кои оствариле промет поголем од 250 милиони денари.
Во Република Македонија има 641 аптека, лоцирани на продажен простор од 23.808 м2 .

Иницијатива за правовремено информирање на јавноста при носење на Одлука за воведување полициски час

Големите ланци на маркети покренаа иницијатива до Владата да донесе одлука и да ги извести граѓаните барем 48 часа порано, како што имаше претходно најава, за да можат правовремено да се снабдат со потребните намирници. Ова повеке од причина што ситуацијата со зголемување на новозаболени започна уште на 31.05 со објава за 35 новозаболени, при што нивниот број рапидно растеше и заклучно со 03.06 достигна 101 ново заболени. Истовремено се имаше предвид и претстојниот христијански верски празник духовден.

Како резултат на ваквата ситуација, денес во текот на целиот ден се ствараат непрегледни гужви пред маркетите а голем дел од граѓаните не се во можност да ги набават сите потребни намирници за престојниот полициски час.

Затоа ние, големите ланци на маркети, предлагаме доколку во иднина се носат вакви и слични одлуки, навремено да се информира јавноста и тоа барем 48 часа однапред. На тој начин би се избегнале големите редици пред маркетите и намалил ризикот од ширење на корона вирусот Ковид-19, а граѓаните би биле во можност целосно да ги снабдат потребните продукти.

Иницијатива укинување на О длука та за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало („Службен весник на РСМ“, бр. 70 од 19.3.2020, како Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало („Службен весник на РСМ“, бр. 76 од 24.3.2020)

Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија бара укинување на ваквата Одлука од страна на Владата на РСМ по завршуваето на вонредната состојба (заклучно со 15.5.2020 година). Доколку Владата ја продолжи истата, членките на Здружението бараат изземање на производите со акциска цена на денот на донесување на оваа одлука и враќање на нивните редовни цени

И ницијатива за измена на даночниот третман на кусоците во малопродажни објекти

Во даночната регулатива во Република Северна Македонија кусоците настанати во тековното работење во малопродажбата по основ на кражби имаат даночен третман на непризнаен расход за даночни цели и истите износи подлежат на плаќање на данок на добивка и данок на додадена вредност, но и се третираат како друг доход кој не е изземен од оданочување со данокот на личен доход, односно како кусок во трговијата кој не е предизвикан од вонредни настани (кражба, пожар или други природни непогоди), а за кој износ се товари физичкото лице кое остварува доход.

Ваквиот даночен третман на кусоците од кражби во малопродажни објекти во кои купувачите имаат физички контакт со трговската стока е несоодветен, од причина што конкретните ситуации се третираат како скриени исплати на добивка или упатуваат на тоа дека постоела намера за одредени настани кои се припишуваат на сопствениците или менаџерите на продажните објекти, чија крајна цел е лично примање. Во секојдневното работење и покрај сите преземени мерки на физичко, електронско обезбедување и набљудување на малопродажните објекти, невозможна е максимална заштита и сведување на кусоците од кражби на нула, особено на одредени производи.

Даночниот третман на кусоците во малопродажните објекти во кои купувачите имаат физички контакт со стоката е несоодветен, бидејќи истиот ги изложува на негативни последици субјектите во малопродажба. Истите покрај тоа што трпат штета од настанатите кражби на конкретни производи, дополнително неоправдано трпат негативни последици за износите на данок со кој се товари износот на кусоците по основ на кражби во малопродажните објекти.

Во конкретните ситуации не станува збор за остварен доход на сопствениците, ниту за скриени исплати на добивка како приход на сопственикот, туку за претпоставен приход, односно доход, базиран на фактот дека не може да се идентификуваат лица кои ги присвоиле производите.

Поради наведеното, се предлага кусоците во малопродажните објекти во кои купувачите имаат физички контакт со трговската стока под одредени услови да добијат третман на даночно признаен расход.

Оттаму, се предлага како непризнаен даночен расход за даночни цели да не се сметаат износите на кусоците во малопродажни објекти во кои купувачите имаат физички пристап до трговските стоки утврдени со попис, а кои се предизвикани од секојдневни кражби, во нормирана рамка во висина од 0,5-1,0% од остварениот промет во пресметковниот период по вид на трговска стока.

Со ваквиот пристап би се специфицирале производите, односно трговските стоки кои најчесто се предмет на кражби и би се избегнала можноста за злоупотреби, во насока на прикажување на кусоци кај одредени трговски стоки за кои поради нивните карактеристики (габарит и сл.) е невозможно да не се утврди кражбата и воедно би се постигнал правичен даночен третман на расходите кои ги имаат малопродажни објекти во кои купувачите имаат физички пристап до трговските стоки.

Иницијатива за донесување Предлог мерки за спречување на социјални кризи и масовни отпуштања во секторот Малопродажба

Групата на компании со ланец на продавници лоцирани претежно во затворени трговски центри – молови, во овој момент е најмногу засегната, затоа што веќе две недели малопродажните објекти се затворени и не работат, а во овие услови не е познато уште колку долго мерките ќе бидат во сила. Вработените се во прекин на извршување на работните задачи при што целокупниот промет на добра во истите е застанат. Во исто време нашите компании генерираат трошоци, кои како што одминува времето ќе се зголемуваат со што буџетите на компаниите ќе бидат оптоварени сè повеќе и повеќе.

Од страна на Владата и ресорните Министерства, секторот малопродажба, особено компаниите кои вршат малопродажба во локали лоцирани во затворените молови, не е опфатен со ниту една мерка ниту пак се нагласуваат штетите кои секторот ги трпи. Особено е проблематичен моментот кој е предизвикан од актуелната ситуација што мерката затворање не може никој да предвиди до кога во овој или друг вид на обем ќе функционира. Од друга страна, и целокупната ситуација влијае на потрошувачкиот капацитет на граѓаните што дополнително го намалува прометот на нашите компании и секторот Малопродажба е доведен до стадиум на борба и баланс помеѓу ситуацијата – желбата за неотпуштање на работниците и секако опстанок на компаниите.

Потребно е да се има предвид дека секторот малопродажба во овој момент обединува компании кои имаат околу 8.000 активно вработени лица, чијашто егзистенција ќе биде доведена во прашање доколку на засегнатите компании не им се обезбеди непосредна помош преку соодветни мерки.

Во таа насока, се обраќаме до Вас со цел да информирање и предупредување на одредени состојбикои може да предизвикаат сериозни последици врз овој сектор.

Владата и надлежните Министерства понудија сет мерки за помош на останатите засегнати индустрии, додека за секторот малопродажба до сега не беа понудени никакви мерки за справување со кризната ситуација.

Поради тоа сметаме дека е од исклучителна важност да се сослуша мислењето на секторот, а ида се има предвид сет на мерки кои како на сектор ќе му бидат потребни за да се справи со кризата и претрпените загуби и истите да можат да бидат ублажени.

Секторот малопродажба го предлага следниот сет на мерки:

  • - Бескаматни позајмици – кредити и обезбедување фонд (сметам дека треба да се појасни на каков фонд се мисли) во кој би бил вклучен секторот малопродажба;
  • - Бескаматни позајмици за помош на приватни компании со дејност трговија во специјализирани продавници на трговски марки до износ од 10% од реализираниот бруто промет во минатата година со шестмесечен грејс период на отплата на 24 ануитети;
  • - Замрзнување на кредити и отплата на кредитни задолженија во период од шест месеци – оваа мерка веќе неколку членки на Европската унија ја одобрија (Р. Словенија е една од нив);
  • - Субвенционирање на нето плата во износ од 50%;
  • - Ослободување од плаќање на пензиско осигурување и придонеси за времетраење на кризните мерки;
  • - Замрзнување на отплата на ДДВ на период од шест месеци;
  • - Субвенција во исплата на закупнините за периодот на неактивност на продавниците;
  • - Поврат на средства за платена царина на стоки која е веќе набавена, до март 2020 година, а сезонски е наменета за продажба за периодот во кој продавниците се затворени;
  • - Ослободување од плаќање на царински давачки за стоките кои ќе бидат наменети за продажба во новата колекција пролет – лето 2020 година;
  • - Ослободување за плаќање царински давачки за актуелни увози со статус “пристигната роба со статус SS20“ нецаринета и лоцирана во царински складишта.

Со прифаќање на дел или сите од овие мерки ќе се овозможи да се даде шанса на компаниите да ги надминат предизвиците кои следат, да продолжат со своето работење и редовно сервисирање на обврските кон државата и секако најважната обврска за сите да се анулира или минимализира отпуштањето на вработени кое како мерка никој не го посакува.

Доколку Владата не се произесе со одредени економски мерки и помошта изостане, во тој случај финансиските тешкотии и последиците кои произлегуваат од неактивност во продажбата и со кои ќе се соочиме ќе бидат големи и далекусежни :

  • - Зголемени корпоративни долгувања како резултат на извршената набавка на сезонски нарачки на колекции;
  • - Неможност за плаќање на обврските кон добавувачите на роба како домашни така и странски;
  • - Неможност за исплата на личен доход и надомест на половина од плата на работниците;
  • - Неможност за сервисирање на ДДВ и други јавни давачки;
  • - Неможност за сервисирање на кредити, камати и други финансиски побарувања;
  • - Неможност за плаќање закупи што ќе резултира во раскинување на договорите за закуп и затворање на малопродажни објекти;
  • Отпуштање на работниците чија бројка ќе изнесува сигурно над 7-8.000 работници поради неможност за опстанок на работодавачите .

Секторот малопродажба, е важен сегмент во Република Северна Македонија и значајно е на истиот да се помогне, посебно и што голем дел од населението се снабдува со производи кои се дел од палетата на продажбата во овој сектор што исто така е доведено во прашање доколку не се обезбедат соодветни мерки.

Компаниите се свесни дека се наоѓаат во ситуација која е предизвикувачка и тешка за сите, но само со заеднички напори и поддршка на државата на засегнатире дејности и компании може да истата да биде надмината и компаниите да продолжат да ја вршат својата деловна активност 

team-2

09.05.2023

ЛАНЦИТЕ МАРКЕТИ СО АПЕЛ: ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ИМА ОНОЛКУ ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК КОЛКУ ШТО ДОСТАВУВААТ ДОБАВУВАЧИТЕ. ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НЕ Е ПРЕКРШЕНА

Претставниците на домашните синџири на маркети трговци со прехранбени производи на мало ја поздравија владината одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на ма...


Контакт лице: Валентина Цветковска
експерт

Телефон: + 389 2 3244063
Е-адреса: [email protected]