„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Од здруженијата

ПРЕКУ ДИЈАЛОГ СО РЕЛЕВАНТНИ ИНСТИТУЦИИ, ГРАДЕЖНИОТ ДОМАШЕН СЕРКТОР МОЖЕ ДА ИСПОРАЌА ПОЗИТВЕН ЕФЕКТ

28.03.2023

Градежниот сектор во своето делување голем дел од активностите ги реализира на локално ниво, и во директна соработка со надлежните во општините. Во таа насока, соработката со локалната самоуправа е од исклучително значење за компаниите од градежништвото, доколку се има за цел оптимално користење на нивната градежна оператива и капацитет. 

На седница на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија, беше констатирано дека е потребна да се реализира средба со раководството на ЗЕЛС - Заедницата на единиците на локалната самоуправа, во насока на одржување на континуитет во работењето. 
Темите кои се клучни и од заеднички интерес се постапките за добивање одобрение за градба, следење на измените во усвојувањето на новиот тарифник за проектирање, усогласување на Генералниот урбанистички план со Деталните урбанистички планови, реализација на капиталните проектите во нискограба, како и  кавалитетот при нивна изведба, се дел од темите за кои е потребно длабока дискусија.
За таа цел Здружението при Комората, на седницата на која беа присутни дел од членовите, констатираа дека е важно одржување на заедничка средба со ЗЕЛС, за дефинирање на одредени идни заеднички активности.