„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Од здруженијата

КОНСУЛТАТИВНА СРЕДБА ВО ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ИНФРАСТРУКТУРА

14.04.2023

Македонски Железници Инфраструктура организираше работна средба со претставници  од градежниот сектор,  на кој присуствуваше Андреа Серафимовски, претседател на Здружение за градежништво, индустрија на градежни матријали и неметали при Стопанската комора на Северна Македонија заедно со директорот на Јавното Претпријатие, деканот на Градежен факултет при УКИМ, претседателката на Комора на овластени инжинери и архитекти, претседателот на градежната комора и координаторот на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Иницијативата на Македонски Железници Инфраструктура е поттикната од градежната експанзија во земјава, со цел да се иницира вклучување на домашни стручни лица од областа во сите фази на проекти кои се од стератешки карактер. Споделувањата на искуството и знаењето, кои го има стручната фела, се клучен сегмент кој претставува појдовна точка, како во подготовка на апликативната документација така и за реализација.
На состанокот се разговараше за потенцијалите на домашните градежни компании, расположливоста со стручен кадар, дали домашните градежни компании кои би создавале  додадена вредност во иднина имаат стратегија за оддржливост, како да се обезбеди поголема вклученост на градежниот сектор во капиталните проекти.
Подготвеност од стручен аспект, изразија сите присутни на средбата, со заклучок за следни активности од ваков карактер.