„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ИМАМЕ ЕДИНСТВЕН НАЦИОНАЛЕН МОДЕЛ НА ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИЛАГОДЕН НА НАШАТА ОБРАЗОВНА ТРАДИЦИЈА И СОСТОЈБИ

03.10.2023

Како најголема бизнис-организација будно ги следиме и ги анализираме потребите од адекватен стручен кадар, а преку Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, како клучно тело, работиме на обезбедување кадар за потребите на бизнисот.  Преку организациските целини на Советот нудиме систематизирани решенија и услуги за да му помогнеме на бизнис-секторот. Преку Центарот за дуално образование, во фокусот на нашиот ангажман е поттикнување на компаниите самите да го трансформираат и обликуваат својот кадар со вклучување во дуалниот модел на образование и вмрежување со стручни училишта за реализација на дуалното образование и на учењето преку работа. Дополнително, нашиот ангажман се фокусира и на осигурување на квалитетот во реализацијата на дуалното образование и учењето преку работа со обуката на менторите во компаниите и верификација на компаниите за практична обука на ученици. Не изостанува ниту нашиот ангажман во давање коментари, мислења и предлози во однос на законската регулатива за уредување на дуалниот модел на образование што ги подобруваат функционалноста и продуктивноста на сите вклучени страни.

Преку Центарот за преквалификација нашиот ангажман е насочен кон изработка на анализи и на истражувања за потребниот кадар на компаниите и на креирање програми за здобивање квалификации врз основа на анализите или по барање на компаниите, како и реализација на обуки за програмите за здобивање квалификации преку процесот на преквалификација и доквалификација. Во тек на реализација се обуки за преквалификација на пекари и на слаткари. Освен тоа, организираме настани за подигање на свеста за поддршка на заемно партнерско учење за преквалификација и доквалификација низ процесот на доживотно учење.
Во фокусот на активности на Центарот за тренинг и обука е поседувањето на релевантни вештини и нивно континуирано подобрување за да се биде во чекор со модерните текови на технологијата. Центарот реализира работилници и обуки за стручно оспособување, за унапредување на знаењата на стручниот кадар и за унапредување на трансферзалните/специфичните вештини на вработените во компаниите.
Поттикнувањето на примената на европските правила и стандарди за перманентно функционално образование и за иновација на знаењата на стручниот кадар е дел од активностите на овој центар.
И значајно е да се напомене Берзата на трудот како функционална платформа за поврзување на понудата и на побарувачката.
Иако дуалниот модел на образование стана реалност, сѐ уште е пилот-проект и, за жал, за него не можеме да се зборуваме како за воспоставен систем. За систем ќе можеме да се зборуваме кога ќе се донесе предлог-законот за стручно образование и обука.
Но, сепак мораме да се потенцираме дека, иако учевме од земји со долга традиција за дуалното образование како Германија, Швајцарија, Австрија, нашата земја има единствен национален модел на дуално образование прилагоден на нашата образовна традиција и состојби.
Повеќе информации за активностите на Советот и за состојбите во стручното образование и обука, дуалниот модел на образование, реализацијата на практична обука во компаниите и улогата на бизнис заедницата во стручното образование и обука од  интервјуто на м-р Наташа Јаневска, проектен менаџер во стручната служба на Комората, за бизнис магазинот  „Економија и бизнис“ на следниот линк: