„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Клубот 100 ја одржа редовната октомвриска седница со која раководеше претседателот Азески

06.10.2023

Членовите на Клубот 100 ја одржаа редовната октомвриска седница, со која раководеше претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

Врз основа на спроведените анализи и предвидувања на седницата се разгледуваа актуелните прашања  во однос на Предлог-законот за трговски друштва, кој за стопанските субјекти го носи епитетот “устав” и за афирмирање на иницијативата на Комората за реформа на пензиското и инвалидско осигурување во Северна Македонија, која според оценката на стопанствениците, ќе поддржи раст на економијата. 
На состанокот се дискутираше и за актуелната економска состојба во државата, што ја зголемува и онака присутната неизвесност на реалниот сектор. Членовите на Клубот 100 уште еднаш ја истакна потребата за креирање предвидлив амбиент за водење бизнис, поголеми инвестициски активности и отворање на нови работни места, сѐ во интерес на поголем економски напредок и раст на државата.