„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
01.11.2023
На 01.11.2023 година во Прилеп, во организацијата на Стопанската комора на Северна Македонија и Националниот совет за медијација со поддршка на Меѓународната финансиска корпорација-ИФЦ, групација на Светска банка, се реализираше уште едно од многуте бесплатни предавања за промоција на бенефитите од медијацијата. И овој пат од страна на д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, претседател на Асоцијацијата за поддршка на медијација при Стопанската комора и национален координатор за медијација, како и од страна на проф.д-р Љупчо Сотироски, член на Националниот совет за медијација беше истакнато значењето од користењето на медијацијата, посебно за бизнис заедницата. Во услови кога фирмите можат и самите да си го олеснат работењето, преку растеретување на своите обврски, помагајќи на тој начин и на судовите со избегнување на долгите судски постапки, секако дека медијацијата е една од најуспешните и најповолните алатки за тоа. Фирмите на тој начин ќе учествуваат во една постапка каде слободно, по сопствена воља и доброволно ќе ги решаваат сите сегашни и/или идни спорови со своите бизнис партнери притоа заштедувајќи пари, време и доверба.