„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

НА 80% ИЗВРШЕНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ ПРЕКИН ВО ИЗВЕДБАТА

07.11.2023

Претседателот на Здружение за градежништво, индустријата на градежните материјали и неметалите при Комората Андреа Серафимовски гостин во ,,24 Анализа,,

Претседателот на Здружението на градежништво индустријата на градежните материјали и неметалите Андреа Серафимовски, при Стопанска комора на Северна Македонија заедно со mинистерот Благој Бочварски и деканот на Градежниот факултет проф. Горан Марковски, во емисијата 24 анализа на ТВ 24, говореа за децениската изведба на автопатот Кичево – Охрид, моменталната состојба на градежните активности на терен како и чекорите кои следуваат во наредниот период. Согласно методологијата на Црвен Фидик, според кој е потпишан договорот за изведба на овој проект, ризиците со кои се соочува изведувачот отпаѓаат на товар на инвеститорот, а согласно тоа постапките и проблемите со кои се соочуваат во делот на административното решавање одзеде многу време, вели претседателот на Здружениет Серафимовски.
Критичните точки предвидени во проектот претставуваа мостовите кои се завршени во 2019 година, сите ископи согласно динамиката на изведба предвидено беше да завршат во 2016та година доколку немаше никакви пропратни проблеми. Со потпишување на анкесот 2018 година се зголемија скоро двојно предвидените количини за ископ на двојно помал фронт за работа, не ги изостаувам дополнитњелните косини за изведба за кои е неопходна експропријација, сечење на шуми, каде со одлука на владата се забрза постапката за брзо административно решавање, затоа на одредени делници заостаната активноста - изјави тој.
Избрзаната одлука за отпочнување на градба на ваков проект каде проектантските недостаци го земаа данокот а за тоа е доказ долгогодишната изведба на овој проект, ги исрцпи домашните градежни компании во вид на дополнителни трошоци, време и преработка на проектот во целост при изведба. Домашните градежни компании како подизведувачи на главниот изведувач сеуште активно работат на траса.
Тоа е 51% од работата да ги изведуваат домашните компании. Во моментов, таму има над 1000 луѓе кои директно или индиректно работат за изведувачот. После сите овие години, се работи за проект со безброј грешки и аномалии, проект во којшто се исцрпи нашето градежништво и кој донесе дополнителни трошоци на домашните компании - рече Серафимовски.
Огромнотот искуство со решавање на ваквиот тип проблеми ќе го подигне градешништвото на едно повисоко ниво со огромна подготвеност на капацитетите на градежните компании.