„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
13.11.2023
Најважниот аспект за кој што треба да зборуваме е одржливоста. За мене одржливоста значи правење добивка. Зашто ако го немате профитот, нема да може да го направите тоа што сакате да го направите, нема да може да не ги правите нештата кои не сакате да ги правите и на долг рок ќе ви помогне да се погрижите начинот на кој што општествеото се развива да биде од полза за сите. Затоа бизнисот треба да се води на одржлив и профитабилен начин, истакна Кристофер Сандерс, специјален советник на претседателот на Стопанската Комора на Северна Македонија, Бранко Азески на месечно обраќање на актуелна тема, што овој месец беше со наслов „Глобалните геополитички случувања – предизвик за интернационализација на бизнисот и следење на новите трендови во индустријата “.
Кристофер Сандерс е еден од најзаслужните лица за реализација на инвестицијата на КОСТАЛ во Охрид и силен поддржувач и промотор на земјата. Роден е во 1957 година во Стафордшир, Обединето Кралство. Образованието го завршил на Универзитетот во Бирмингем и дипломирал хемиски инженеринг со почести. Вработен во Leopold KOSTAL Gmbh и Co KG од 1980 година како индустриски инженер, а потоа како извршен директор на KOSTAL Ireland во 1981 година, со одговорност за избор и основање на овој производствен капацитет за Костал. Од 1990 година врши слични активности за нова КОСТАЛ фабрика во Обединетото Кралство. Во 1995 станува заменик извршен претседател на групацијата со одговорност за корпоративно планирање и координација на подружниците. Функцијата вклучува основање, развој и проширување на сите нови и постоечки капацитети на КОСТАЛ надвор од Германија, како и стратешкиот развој на групацијата и неговата тактичка примена како што КОСТАЛ растеше на глобално ниво.
Дел од работните активности вклучуваат истражување, преговарање и воспоставување на сите барања за раст и развој со потребните Влади и инсититуции и на сите неопходни нивоа за да се обезбедат најдобри околности за раст и профитабилност на групацијата КОСТАЛ. Кристофер Сандерс е веќе пензиониран од ноември 2022 и живее вo Германија, но сѐ уште е вклучен во активностите на КОСТАЛ во Македонија како стратешки консултант и ментор.
|