„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА – МОДЕЛ ЗА МИНИМИЗИРАЊЕ НА ОТПАДОТ И ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА

29.01.2024

Циркуланата економија станува составен дел на секојдневното функционирање на секој бизнис, и тоа не само во Европа, туку и во регионот а и во нашата земја. Циркуларната економија преставува:

  • Определен влог во развојни технологии кој подоцна го мултиплицира приходот;
  • Нов економски концепт модел каде секторите покрај тоа што ќе бидат упатени и дополнително ќе бидат економски поврзани, ќе донесе до јакнење на генералната економска слика во државата затоа што кога секторите се покохезивни поотпорни се на надворешни удари и влијание, или притисоци.. (зависност од суровини од надвор);
  • Можност увозот како императив да добие нов, но не конкурент туку партнер од домашните индустриски гранки кои сега можеби не изггледаат поврзано но преку моделот на циркуларна економија тоа е возможно;
  • Ооголема оддржливост;
  • Моделот на циркуларна економија каде што вредноста и ресурсите се одржуваат во економијата што е можно подолго, а создавањето отпад е минимизирано, ги намалува притисоците врз природните ресурси додека го поттикнува одржливиот раст.
Инвестциите во Циркулатната економија има можност да се обезбедат преку средства за развој од разни развојни меѓународни фондови, кои имаат за цел да ја мултиплицираат зелената економија, а првенствено во Европа.
 
Зелената агенда за Западен Балкан е инструмент за постигнување на Европскиот зелен договор во нашиот регион, кој претставува пресвртница во борбата против климатските промени и сеопфатна стратегија за раст на Унијата, а неговата имплементација треба да доведе до климатска неутралност на Европската унија до 2050 година. Со потпишување на софиската декларација за зелената агенда за Западен Балкан на 10-ти ноември, 2020 година, земјите од регионот се обврзаа да ја имплементираат Зелената агенда како „патна карта“ за низа конкретни акции и мерки што ќе доведат до развој со минимално испуштање на јаглерод и економски раст во согласност со принципите на одржлив развој. Зелената агенда за Западен Балкан опфаќа пет столба:
  • Декарбонизација: климатска акција, зелена енергија и одржлив транспорт
  • Циркуларна економија
  • Борба против загадувањето
  • Одржливо производство на храна и одржливи рурални средини
  • Биодиверзитет: Заштита и реставрација на природата и екосистемите.
 
На месечниот настан на актуелан тема кој Комората го организра во континуитет подолго време, гостин беше проф. д-р Наташа Петровиќ, од Факултетот за организациски науки на Универзитетот во Белград. Во своето излагање проф. Петровиќ истакна дека Циркуларната економија е ногу поголем процес од самото третирање на отпадот и рециклажата. Концетот подрзабира како да се обезбеид круѓен систем во кој отпадот ќе се сведе на минимум, а ќе се обезбеди реискористување на одердени нус производи или суровини повторно во други процеси на производство. Преку практични примери пред присутните на настанот, беше псоочено дека концепто на линеарна економија се повеќе се напушта и се применува концептот на кружна или циркуларна економија. При тоа она што е клучно вели порф. Петровиќ е дека станува збор за нов систем на дефинирање на економијата за кој ниту теоријата нема многу голема подлога. Оттука, вели клучно е да се направи спој на бизнисот со науката и заеднички да се трасира патот на циркуларната економија, каде Стопанската комора како куќа на бизнисот има значајно место.
 
  • Проф. д-р Наташа Петровиќ е редовен професот, раководител и основач на Центарот за еколошки менаџмент и оддржлив развој, Катедра за менаџмент на технологии, иновации, одржлив развој, повеќе од 27 години, студирајќи и предавајќи од почетокот на нејзината универзитетска кариера.
  • Покрај Универзитетот во Белград била ангажирана и на Земјоделскиот факултет, докторско академските студии на Воената академија на Универзитетот за Одбрана и магистерските студии на Факултетот за администрација на Универзитетот во Љубљана, Република Словенија.
  • Раководител е на мастер академските студии за циркуларна економија на Факултетот за организациски науки и претседател на Програмскиот Совет на мастер академските студии по менаџмент на деловни перформанси на Универзитетот во Белград.
  • Како и член на меѓународната Интер-универзитетска програма за истражување на одржлив развој (IUSDRP) (Центар за истражување и трансфер „Одржливост и управување со климатските промени“ (FTZ-NK), Хов Хамбург, Германија).
 
Македонија сеуште нема стратегија за циркуларна економија, има закони кои ја третираат животната средина, посебни текови на отпад, има стратегија за енергетика во која се дефинираат одрдени преструктурирања кон зелена енергија, но следејќи ги европските регулативи, зелената агенда и обврските кои се креираат за бизисот од аспект на почитување на зелената агена, Комората препозна дека треба да го следи процесот на Циркуларна економија и во таа нсока како една од клучните активности на кои бизнисот во иднина ќе мора да посвети посебно внимание. За таа цел во Комората го креиравме Центарот за циркуларна економија, како дел од НОВИТЕ АЛАТКИ ЗА УСПЕШНИ БИЗНИСИ кој акцентот го става на следните аспекти.
  • Домашна регулатива (сите домашни законски решенија за кои ќе се процени дека имаат поврзаносст со концептот)
  • ЕУ регулатива ( целото ЕУ законодавство кое може и се однесува на концептот на циркуларна економија,  регулативата за CBAМ...)
  • Развој (напредни научни концепти кои би можеле да се третираат во применетата пракса и производство на компаниите се со цел заокружување на процесот т.е. транзиција од линеарна во циркуларна економија, превземање на искуства од земји и компании како од регионот така и во глобална смисла)
Центарот ќе разгледува предлози примарно произлезени од согледувањата и анализите на стурчната служба на комората (која ги опфаќа сите здруженија асоцијации и групации) но секако ќе се третираат и предлози и прашања на компаниите кои би се ставале на дневен ред членовите на Управниот одбор. Планирани се и серија интерни работилници (меѓу компаниите во комората) за координација и разгледување определени прашања, како и надворешни работилници помеѓу компании од комората и компании од странство, со цел размена на искуство, знаење и сл. Секако сите овие активности на полето на циркуларна економија ќе бидат основ за новини и во образоавните политики на секоја земја, бидејќи циркуларната економија ќе придонесе за креирање нови работни позиции, нови знаењ, за што ќе има потреба од пормена и воведување наставни програми, курикулуми, образовни активности за преквалификација и доквалификација на кадар и сл.