„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ДОДЕЛЕНИ ГРАНТОВИ ОД ТРЕТИОТ ПОВИК НА РЕГИОНАЛНИОТ ФОНД ЗА ПРЕДИЗВИЦИ

25.04.2024

Комората преку Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан обезбеди 950 милиони евра за поддршка на два конзорциуми од образовни институции и 18 компании за развој на образовни програми, набавка на машини и опрема и продуцирање на

Стопанската комора на Северна Македонија беше домаќин на доделувањето на грантовите во рамки на Третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици (RCF), кој како инструмент е дизајниран да ја подобри одржливата конкурентност на бизнисите во земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ и да ја зголеми вработливоста на младите преку финансирање на обрзавони програми кои се однесуваат на потребата од добро обучена и квалификувана работна сила.
На настанот се обрати м-р Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија кој пред присутните направи осврт на превземените активности од страна на Комората во насока на афирмирање на стручното образование и обука, преку вклучување на приватниот сектор во профилирањето на стручен кадар кој брзо ќе се интегрира на пазарот на труд. Пешев додаде дека Комората во изминатиот период ја имаше клучната улога во вклучувањето на приватниот сектор во дуалното образование преку обучување на повеќе од 1200 ментори од над 560 работодавачи.
Средствата за грантовите во рамки на Регионалниот фонд за предизвици се обезбедени од Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија во износ од 64,43 милиони евра, во иницијативата се приклучи и Владата на Швајцарија преку Швајцарската агенција за развој и соработка која вложи дополнителни 9,7 милиони швајцарски франци.
Н.Е. Петра Дрекслер, амбасадор на Сојузна Република Германија зборуваше за потребата на усогласување на образовниот систем и потребата за работна сила во приватниот сектор: „Тука настапува Регионалниот фонд за предизвици – работејќи како поврзувач помеѓу образовните институции и потребите на приватниот сектор. Токму затоа потребни се измени во образовниот систем и образовните програми што изискува меѓусебна соработка на сите заинтересирани страни“.
Н.Е. Лусиен  Ергетер, заменик-шеф на мисијата на Амбасадата на Швајцарија исто така истакна дека преку Швајцарската агенција за развој и соработка се поддржуваат иницијативите за градење синергија помеѓу образовните институции и приватниот сектор, а токму вклучувањето во финансирањето на Фондот од 2022 година со дополнители 10 милиони евра овозможува да се инвестира во дополнителни проекти во рамки на Третиот повик. 
Мориц Реме, директор на канцеларијата на Германската банка за равој (KfW) за Северна Македонија и Косово истакна дека на три отворени повици до сега, RCF ангажирал 7,13 милиони евра за поддршка на вкупно 16 проекти за стручно образование и обука од Северна Македонија, со 85 партнерски претпријатија. Остануваме посветени на придонесот кон економскиот раст на земјата со надградба на вештините и знаењата на младите за да произведеме работоспособна работна сила што е потребна на компаниите“, рече г-дин Мориц Реме.
Обраќање на настанот имаше и д-р Татјана Штерјова Душковска, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум за шесте земји на Западен Балкан која изјави дека шесте економии од регионот имаат различни институционални подесувања кога станува збор за системот на стручно образование, пристапот кон дуалното образовани или учењето преку работа, но предизвиците за обезбедување на квалификувана работна сила која ќе одговори на потребите на денешните економии се исти во сите шест економии, а главната додена вредност на Регионалниот фонд за предизвици е токму неговиот интрарегионален ефект. Штејова Душковска додаде дека во рамки на фондот дадена е поддршка на 99 проекти, кои добиваат 44 милиони евра во грантови, менувајќи ја сликата на стручно образование и обука  низ регионот, но исто така ширејќи многу позитивен ефект низ регионот во областа на развој на човечки капитал и транзицијата на Западен Балкан кон зелени и дигитални економии.
Во рамки на третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици беа поддржани два конзорциуми:
- Првиот конзорциум е предводен од Центарот за семејна медицина, Медицински факултет, Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се однесува на проектот: „Образование со мобилна симулација за обука (SIM Mobile)“ како одговор на барањата на домовите за стари лица и примарната здравствена заштита и ќе работи на овозможување висококвалитетна опрема за учење на далечина за извршување симулации и развој на е-алатки за медицински сестри, старатели за постари и палијативни пациенти.
Партнери на проектот се приватни установи за социјална грижа на стари лица:
  1. Приватна социјална установа, Дом за стари лица „Светла надеж“, Скопје
  2. ПСУ, Дом за стари лица „Руски“, Скопје;
  3. ПСУ, Дом за стари лица  ,,Дом-Жана“, Неготино;
  4. ПСУ, Дом за стари лица  „Астреон“, Радовиш;
  5. ПСУ, Дом за стари лица  „Дом Софија“, Битола; 
  6. ПЗУ Д-Р Мито Дагалев, с. Миравци, Гевгелија;
  7. ПЗУ „Вита Катерина“, с. Буковиќ
  8. ПЗУ „д-р Маја Катранџиска Џонлага“, Струмица 
  9. ПЗУ „Интермедика“, Радовиш
Вредноста на инвестицијата е 362.005 евра. 
Вториот конзорциум е предводен од средното општинско техничко училиште „Горги Наумов“ – Битола и се однесува на проектот „Мост до успешна кариера“ со цел Зајакнување на практични вештини со најсовремена опрема и ќе произведува високо квалификувани техничари за индустриска мехатроника, техничари за електрична енергија и електротехничари за компјутерска технологија и автоматизација. Нивниот проект ќе воведе модерна образовна опрема која одговара на онаа што денес се користи во електротехничката индустрија.
Партнери на проектот се:
  1. Кромберг и Шуберт Македонија, Битола, 
  2. ФОД ДООЕЛ, Новаци
  3. Анлимитед Кодерс, Битола;
  4. АЈ Сорс, Битола 
  5. Камај Медиа, Дооел, Битола;
  6. Кимиком Груп ДОО, Битола
  7. Јавен смарт, Битола
  8. Проенерго ДОО, Битола.
Вредноста на инвестицијата е 589.900 евра. 
Церемонијата на доделување собра претставници од Стопанска комора на Северна Македонија, Амбасада на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Амбасада на Швајцарија во Северна Македонија,  Канцеларијата на Германската банка за развој во Северна Македонија и Косово и Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан.