„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ПРАКТИЧНАТА ПРИМЕНА НА ЗНАЕЊЕТО НА НАТПРЕВАРОТ „РАЗВОЈНИ МИКРОПРОЦЕСОРСКИ СИСТЕМИ“

17.05.2024

Интеграција на теоријата и праксата

Вредноста на стручното образование се потврдува со компетентноста и применливоста на стручното знаење и вештините во вистинско време на  конкретни задачи или во проблемски решенија. Тоа игра клучна улога во интеграцијата на образованието и обуката за обезбедување стручни знаења, развој на вештини и компетенции, како и применливост на стекнатите знаења и вештини и вклучување во процесот на работа, со фокус на технолошките и работните процеси. Низ процесот на стручното образование учениците се оспособособуваат да покажат стручност и да преземат одговорност и самостојност, но и да развиваат свои идеи, да бидат иновативни, креативни и критички да размислуваат.
Практичната примена на знаењето го покажаа учениците на десет средни стручни училишта во кои се изучуваат квалификации од секторот електротехника, кои се натпреваруваа во примена на микропроцесорски системи, односно развој на протипови на автономни возила кои сами се движат и распознаваат бои. Првото, второто и третото место го освоија учениците Христијан Николовски и Петар Божиновски од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“- Битола; учениците Марио Димчевски и Сергиј Алексовски на СУГС "Владо Тасевски"- Скопје; учениците Михаил Кузманоски и Марко Петрушевски од СОСУ „Илинден“- Илинден и учениците Христијан Глигуроски и Андреј Недески од СОУ „Ристе Ристески Ричко“- Прилеп. 
Натпреварот беше организиран од Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ и компанијата од областа на електрониката и технологијата Логинг Електроникс ДОО, Скопје. Натпреварот е во рамките на проектот „Технологија за тебе“ кој вклучува и работилници, каде средношколците претставуваат проекти на кои работеле во текот на училишна година.