„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Групацијата Иуте го доби првиот кредитен рејтинг од реномираната агенција Fitch Ratings

05.08.2024

Кредитен рејтинг претставува оценка на кредитната способност на една институција навремено да одговори на обврските кон инвеститорите

Групацијата Иуте доби B – долгорочен кредитен рејтинг со стабилна перспектива од реномираната агенција Fitch Ratings, со што Иуте Македонија како дел од групацијата станува првото финансиско друштво на пазарот кое добива кредитен рејтинг на ниво на група, додавајќи дополнителна вредност на заложбите за соодветното управување со ризиците, кредибилитетот, сигурноста и транспарентноста на компанијата.

Според изјавата на извршниот директор на групацијата Иуте – Тармо Силд, добиениот рејтинг е еден од најважните достигнувања на групацијата досега.  

“Горди сме што добивме кредитен рејтинг од една од трите најдобри светски рејтинг агенции. Рејтингот ја одразува позитивната оценка на Fitch за нашата дигитална експертиза како клучна сила и нашиот докажан пристап нa меѓународните пазари за кредитирање. Важноста на Energbank позиционирањето на IuteGroupAS беше соодветно препознаена. Наша амбиција е континуирано да ги развиваме нашите активности на пазарот на капитал во согласност со нашиот оперативен бизнис”.

Кредитен рејтинг претставува оценка на кредитната способност на една институција навремено да одговори на обврските кон инвеститорите. При утврдувањето на кредитниот рејтинг се евалуираат голем број финансиски и економски показатели, од страна на специјализирани рејтинг агенции. Агенцијата Fitch Ratings е глобален лидер за доделување на кредитен рејтинг на финансиски институции ширум светот.