„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
02.09.2024
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија
Од секогаш први септември сум го сметал за почеток. Веројатно останало од училштето, но и на другите работни места секогаш тој датум претставуваше почеток на некој нов период, кој обично се врзувал за остварување на подобар резултат до крајот на годината. Тоа значи ако имало определени слабости во претходниот период, тие мора да бидат надминати. Но, ние добро знаеме дека работите не се надминуваат сами од себе и затоа ние ќе донесеме определени решенија кои ќе го поткрепат тој процес.
1. Очигледна е кохерентноста на Управниот Одбор на СКСМ во последната година, но и засилениот ангажман на неговите членови за активно партиципирање во нашата заедничка мисија, а тоа е подобра позиција за компаниите во наредниот период. Тука пред се сакам да го истакнам ангажирањето на м-р Анатол Кутревски (ПЕКАБЕСКО), м-р Александар Гечев (ИГМ ТРЕЈД), проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски (МАКЕДОНИЈА 2025), д-р Анита Блажевска (ФИЛИП МОРИС СКОПЈЕ), м-р Зоран Милковски (ГД Гранит), кои стекнувајќи искуство во работењето, се значаен фактор во креирањето на економските политики на Комората.
2. Пред еден месец објавивме дека проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски ја именувавме за главен координатор во спроведување на договорот за соработка помеѓу Владата и Комората, кој дефинитивно, ќе биде потпишан оваа недела и ќе се однесува на неколку значајни сегменти за компаниите, кредитна подршка, енергетска, буџетска и обезбедување повеќе работа за домашните градежни компании на проектот Бехтел и Енка.
3. Денеска објавуваме дека уште еден наш голем активист, проректорот на Универзитетот Гоце Делчев во Штип и претседател на нашиот Клуб на извозници ќе ја преземе улогата главен координатор за спорвеудвање на извозната стратегија на Комората, проф. д-р Дарко Лазаров, што значи он ќе ги координира активностите на Националниот совет за извоз, Клубот на извозниците, Институтот за извоз, кои настануваат од проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, што Комората го имплементира во партнерство со УСАИД.
4. Од први октомври објавувам дека според моите овластувања ќе именувам Генерален секретар на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора, за што се преземени веќе подготвителни активности. Со тоа ќе биде пополнета уште една празнина која ќе помогне во изнаоѓањето трајно решение за оваа значајна институција која мора да се преструктурира.
5. Моја проценка е дека што поскоро или побрзо треба да се стават во функција два значајни облици на нашето организирање, а тоа се, Советот за напредни технологии и Центарот за микро, мали и средни претпријатија. Времето бара да бидеме во тек со случувањата, а тоа не може да се направи без зголемен ангажман на овие два сегменти.
6. Оваа недела не очекува многу значајна средба на Советот на странски инвеститори во Комората со премиерот Мицкоски. На таа средба очекуваме полека да почнат да се разрешуваат прашањата кои се нотирани како проблематични во фирмите со странски капитал. Такви имаме 147 и претставуваат значаен чинител во нашето работење. Исто така оваа недела ќе имам и работна средба со нашите експерти за проценка на моменталната економска состојба. Тука како да лебди прашањето за повратот на ДДВ за што имаме и посебни анкети.
7. Во текот на месец септември една нова група на млади бизнисмени ќе ни се придружи нам кои седиме во органите и телата на Комората. Со тоа продолжува континуираниот процес на вклучување и на помалите фирми кои претставуваат значајна база на нашето работење. Да напоменам само некои од нив, Димитрије Здравковски (40 години, Реформ солушн центар), Горан Стојановски (40 години, Скејлфокус), Тони Јанковски (33 години, Дајнерс), Жарко Димитроски (36 години БДГ Груп). проф. д-р Марина Блажековиќ Тошевски (39 години, Факултет за ИКТ при Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола) итн.
8. На меѓународен / регионален план, во моментов преку КИФ се спроведува техничка помош за фирмите во процесот на пласирање на нивните производи на пазарите на ЕУ (со фокус на германскиот и на италијанскиот пазар). За 73 компании од целиот регион на Западен Балкан, програмските експерти ќе понудат поддршка на МСП за стекнување компетенции што ќе ги направат попривлечни за влегување во европските и во светските синџири за снабдување и за наоѓање партнери од ЕУ. Најуспешните учесници во програмата (од Македонија се вклучени 10 компании), ќе учествуваат на Инвестициската конференција/Б2Б средби кои се организираат како придружен настан на Бизнис форумот и состанокот на министрите за економија во рамки на Берлинскиот процес, во Берлин, Германија (24 септември 2024 г.) и на саемот за градежништво „САИЕ“ во Болоња, Италија (9-12 октомври 2024 г.).
Се подготвува и посета на наша бизнис делегација на САД, со што ќе се направи обид кој е во заостанување во изминатиов период.
Тоа ќе биде доволно.