„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ПРОМОВИРАН НОВИОТ КОНЦЕПТ ЗА ИЗВОЗ НА КОМОРАТА ПРЕД КОМПАНИИТЕ

01.11.2024

Конкретни активности и алатки во интерес на извозните компании

Во Стопанската комора на Северна Македонија се одржа седница на Клубот на извозници каде што беше промовиран новиот концепт за извоз на Комората каде ќе се третираат сите прашања поврзани со промоција и поддршка на извозот и извозните компании.

Седницата ја отвори Бранко Азески претседателот на Комората во улога на претседател на Националниот совет за извоз (НСИ), кој во своето излагање потенцираше дека Комората веќе извесен период работи на градење нов пристап и стратегија за поддршка на домашниот извозен сектор и домашните извозни компании преку нов концепт кој се базира на три меѓусебно поврзани столба и тоа:            

1.     НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ИЗВОЗ (НСИ) којшто претставува национално и советодавно тело формирано во рамките на проектот: „Поддршка на приватниот сектор за регионална економска интеграција“ кој Комората го спроведува во партнерство со Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД и платформа за јавно-приватен дијалогкоја ќе обезбеди институционална поддршка за компаниите со цел поголема интернационализација на македонскиот бизинис. Во Советот членуваат повеќе од 30 успешни извозни компании од различни извозни сектори како претставници на приватниот сектор и претставници на Владата и надлежни државни институции. Преку Советот се третираат прашањаповрзани со извозната конкурентност на земјата, форми за поддршка на извозните компании, трговска регулатива за олеснување на извозот и сл.

 

2.     КЛУБ НА ИЗВОЗНИЦИ претставува специјализирано тело во рамки на новиот концепт за извоз на Комората кое ќе обезбеди организациска, техничка и логистичка поддршка на домашните извозници во насока на поголема извозна подготвеност и поголема извозна промоција на македонските компании и производи на регионалните и странските пазари. Клубот на извозници е најголема бизнис асоцијација претставник на домашните извозни компании и неговата улога е да ги застапува интересите на домашните извозници како значајни чинители за националната економија и   

3.     ИНСТИТУТ ЗА ИЗВОЗ претставува клучна алатка која треба да испорача стручна и експертска поддршка за компаниите преку Аналитички и Тренинг центар. Аналитичкиот центар преку изготвување на стручни анализи и истражувања ќе работи на идентификување на нови извозни можности за компаниите и преку конкретни форми на поддршка и модерни алатки ќе работи директно со компании во насока на изнаоѓање трговски партнери и воспоставување на бизнис релации со цел пристап до нови пазари и зголемување на извозната активност на постоечките пазари. Тренинг центарот ќе работи на градење поголеми човечки и менаџерски капацитети на извозно оринтираните компании преку специјализирани обуки и коучинг програми со реномирани домашни и странски експерти со цел да им помогне на македонските компании во делот на зголемување на конкуреноста, поголема видливост преку соодветни маркетинг активности и градење на бредови, поефикасно барање на трговски и бизнис партнери на страските пазари, подобро справување со институционалните и регулаторни барања за настап на конкретни пазари.

Азески додаде дека во периодот кој следи Комората во координација со Владата на РСМ и нејзините институции ќе разговараат за конкретни форми на поддршка за извозните компании, конкретен износ на средства од буџетот за таа намена, како и за институционалната форма на соработка помеѓу државата и приватниот сектор со цел успешна имплементација на националната стратегијата за извоз која треба да испорача поголем извоз и поголем економски раст на земјата во иднина.

Проф. д-р Дарко Лазаров,  претседател на Клубот на извозници во своето излагање истакна дека Комората преку сет на добро дизајнирани инструменти и модерни алатки во рамки на новиот концепт ќе работи во насока на обезбедување конкретна поддршка на македонските извозни компании во нивните напори за зголемување на нивната конкуретност, барање на нови партнери, влез на нови пазари, и поголема видливост на меѓународните пазари.

Како дел од втората точка на дневен ред: Кадровски прашања д-р Лазаров даде предлог да за избор на уште двајца потпретседатели на Клубот покрај постоечкиот Анатол Кутревски од ПЕКАБЕСКО АД СКОПЈЕ со тоа што за потпреседатели едногласно од сите присутни членови на седницата се избрани:

  •  Евгенија Ѓорѓиеска – ЛАМИНАТИ КОМ ДОО Прилеп
  •  Зоран Н. Илиев - АКТИВА ДОО Штип

На седницата беше промовирана и дигиталната извозна платформа -EASY EXPORT, алатка креирана преку истоимениот проект на УСАИД која обезбедува корисни информации за извозните компании поврзани со надворешната трговија во делот на бази на податоци за трговски посредници по одделни пазари, законски и регулаторни барања, царински и нецарински бариери, повици за поддршка, корисни анализи и сл.  Истовремено, во рамки од платформата EASY EXPORT произлегува и Директориум за извоз кој содржи дигитални профили за повеќе од 1.000 македонски извозни компании.

Свое обраќање имаше и Јасмина Мајстороска од Министерството за економија и труд на РСМ којашто ги презентираше активните мерки за поддршка на наменети за поддршка на извозните компании на министерството: https://www.economy.gov.mk/mk-MK/oglasi.nspx

Исто така на седницата од страна на Билјана Пеева-Ѓуриќ, проектен менаџер на проектот за Поддршка на приватниот сектор за регионална економска интеграција беа презентирани трие активните повици наменети за извозно ориентирани компании чија цел е зголемување на конкурентноста на македонските компаниии и поддршка во процесот на развивање на нивните извозни капацитети: https://www.mchamber.mk/mk/news/index/605

Претседателот д-р Лазаров ја затвори седницата притоа најавувајќи дека на следната седница на Националниот совет за извоз една од точките за кои ќе дискутира е имплементација на Стратегија за промоција на извозот на РСМ (2023–2027 од кадешто сите адресирани предизвици и проблематики со кои се соочуваат извозниците ќе бидат систематизирани и доставени до членовите на Клубот на извозници за понатамошно разгледување и доставување на предлог решенија од страна на.компаниите