„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Од групациите

Иуте Македонија станува првото финансиско друштво со интегрирана регистрирана шема за електронска идентификација во партнерство со Evrotrust

08.11.2024

 Иуте Македонија официјално се приклучува на „Евротруст“ (Evrotrust), заедницата со повеќе од 1,3 милиони корисници, повеќе од 150 глобални клиенти и присуство во 58 различни земји, како прво финансиско друштво што ги спроведе законските регулативи за поседување верификувана регистрирана шема.

Evrotrust е еден од водечките даватели на решенија за дигитален идентитет во Европа со лиценца и воедно првиот регистриран давател на шема за електронска идентификација во земјата, со највисоки безбедносни стандарди за заштита на личните податоци. 

„Со интеграција на ова решение целосно сме подготвени за спроведување на новата регулатива, со која финансиските друштва, исто како и банките, се обврзани да го идентификуваат клиентот преку регистрирана електронска шема или со физичко присуство. Со оглед на тоа дека апликацијата Myiute е примарен канал на комуникација со нашите клиенти, од идентификација до склучување на договор, овој зајакнат безбедносен систем, особено што е интегриран во самата апликација, ќе значи дополнителна сигурност, слобода и заштеда на време, како и супериорно корисничко искуство кое на клиентите ќе им овозможи целосна флексибилност при вршење на услугите. Ова е навистина уште еден голем успех за Иуте Македонија и целиот тим кој напорно работеше на имплементација на ова решение, во соработка со најдобрите во класата, Evrotrust.”, вели Биљана Мишиќ извршен директор на Иуте Македонија.

Процесот е целосно безбеден, брз и едноставен. Освен што Иуте е единствено финансиско друштво што има мобилна апликација  Myiute, со целосно дигитален процес од апликација до одобрување, отсега целиот процес ќе се врши на идентичен начин, без потреба од дополнително преземање друга апликација и интеграции затоа што безбедносниот механизам ќе биде веќе вграден во постојната апликација на друштвото.

„Нашата мисија е да им помогнеме на земјите и државите во нивниот пат целосно да се дигитализираат и да ги трансформираат деловните процеси обезбедувајќи одржливи дигитални канали, засилена безбедност на личните податоци и усогласеност со сите важечки прописи. Нашата практика покажува значителни подобрувања во ефикасноста и безбедноста по интегрирањето на Evrotrustво системите и, што е најважно, целосно автоматизирано решение од почеток до крај и подобрено корисничко искуство“, вели Константин Безуханов извршен директор на Evrotrust.

Примената на нови технологии и проверени дигитални алатки, несомнено, нуди уникатна конкурентска предност на пазарот. Целта на Иуте е да продолжи да биде лидер во дигиталната трансформација и во воведувањето напредни иновативни решенија на пазарот.