„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Во Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите членуваат фирми кои се занимаваат со проектирање и градење на сите категории објекти од нискоградбата, вискоградбата и хидроградабата, инсталатерски и завршни работи во градежништвото, потоа истражување, експлоатација и преработка на минерални суровини како што се: лапорец, гипс, цигларска глина, песок, чакал, архитектонско-украсен камен, феласпад, бентонит, кварц и кварцити, опализиран туф, огноотпорни глини и други.
Заради специфичноста на работење и интересите на членките во Здружението, формирани се следните групации:
Групација за градежништво
Групација за градежни материјали
Групација на агенции за недвижности
Групација за агрегати, бетони и асфалти
Групација за сува градба
Претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите е Андреа Серафимовски, ГД „Гранит“ АД Скопје. (Биографија)
За преставници од Здружението на градежништвто, индустријата на грaдежни материјали и неметелите во Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија, за мандатниот период 2020 - 2025, се избрани следните членови:
1. Зоран Милковски, ГД„Гранит“АД - Скопје;
2. Илијас Вилос, Лапор - Битола;
3. Михо Јаневски, Градежен институт „Македонија“ АД - Скопје;
4. Никола Пандев, „Жикол ДООЕЛ“ - Струмица;
5. Дарко Николоски, „Мермерен комбинат АД“ - Прилеп; и
6. Владимир Златковски, „Винербергер ДООЕЛ“ - Виница.
Андреа Серафимовски Претседател, ГД ГРАНИТ, Скопје
Даниел Цеков Заменик претседател, АДИНГ, Скопје
Ѓуро Чубриноски Заменик претседател, Д.Г.Т МАСОН-ИНЖЕНЕРИНГ, Скопје
Михо Јаневски Заменик претседател, ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА (ГИМ), Скопје
Драган Димитриевски , ГЕИНГ КРЕБС УНД КИФЕР ИНТЕРНЕШНЛ и др., Скопје
Есфер Алији , Турмак АД Истанбул – Подружница Скопје (Џевахир), Скопје
Иван Ангелов , ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ, Скопје
Агрон Нухиу , АК ИНВЕСТ ДООЕЛ Тетово, Тетово
Илијас Вилос , ЛАПОР, Битола
Никола Наумов , ГРАДБА ПРОМЕТ, Кавадарци
Слободан Ивановски , БИМ АД, Свети Николе
Стрезимир Трајковски , УСЈЕПОР, Скопје
Тони Павлов , ДИВИ МАКЕДОНИЈА, Скопје
Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите претставува стручен облик на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија кој ги претставува интересите на правните субјекти од дејностите градежништво, просторно планирање, урбанизам и проектирање, завршни работи во градежништвото, индустријата на градежни материјали експлоатација и преработка на неметални суровини.
Учеството на додадената вредност на градежништвото во структурата на бруто домашниот производ во последните десетина години се движи од 5% до 7 %.
Во градежништвото, во 2020 година, се активни 5.263 компании, што претставува 6,9 % од вкупниот број на активни деловни субјекти во РС Македонија. Бројот на вработените во градежништвото изнесува 53.376 лица, што претставува 6,7 % од вкупниот број на вработени на ниво на државата.
Градежните претпријатија проектираат и градат разни видови на објекти од нискоградбата (автопатишта, мотиви, цивилни и воени аеродроми), од високоградбата (станбени, индустриски и јавни објекти) и од хидроградбата (брани, тунели, системи за наводнување, системи за водоснабдување, системи за канализација со пречистителни станици и др.).
Градежните претпријатија имаат стекнато високи референци во проектирањето и изведувањето инвестициони работи во земјите на Блискиот Исток, Русија, Украина, Албанија, Бугарија, Германија, Чешка, Србија и Црна Гора и други земји.
Производството на градежни материјали се темели врз богатите домашни ресурси на неметалните минерални суровини како што се: лапорец, гипс, цигларска глина, песок, чакал, архитектонско-украсен камен (мермер, травертин, гранити, оникс и други). Кај производството на градежни материјали, како најголеми капацитети можат да се издвојат: цементни производи, гипс, гипс-картонски плочи суров гипс, суви малтери, глинени производи (полни цигли, сите видови на шупли блокови, керамиди и сл.), битуменски изолациони материјали (битуменски маси и емулзии и битуменски ленти).
Неметалните минерални суровини со кои располага РС Македонија претставуваат суровинска база за производство на неметални производи, како што се фелспатод, бентонитот, талк, опализиран туф, кварц, кварцити и огноотпорни глини и друго, кои се користат како полнители или рецептурни суровини кај производството на повеќе индустриски гранки.
- Предложените измени на Законот за градење се во насока на подигнување на квалитетот во градежниот сектор преку изменување и дополнување на одредбите кои се однесуваат на овластувањата и лиценците, категориите на објекти и бришење и допрецизирање на одредени членови од Законот кои создаваат тешкотии при нивната практична примена. Предложените измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање имаат за цел дорегулирање на надлежностите на администрацијата во изработката и донесувањето на планските документации, односно локалната самоуправа, зголемување на ингеренциите на планерите и доуредување на прашањата кои се однесуваат на урбанистичките планови.
– Стручниот материјал даде осврт на производството и трговската размена на тули и керамиди во Република Македонија во изминатите години, причините за пад на производството и извозот, со конкретни предлози за надминување на проблемите во оваа индустриска гранка кои имаат за цел намалување на производните трошоци и изнаоѓање механизми за заштита на домашното производство.
- Членките на Здружението ја поддржаа целта на изработувачот на законот да се подготви нов посовремен закон кој ќе овозможи побрзо, потранспарентно и поквалитетно донесување на планските документации. Здружението даде конкретни предлози во насока на додефинирање на одредени постулати кои претставуваат спој на претходниот и новиот закон заради континуитет на постапките, започнатите акти на донесување и спроведување на планските документации, стекнатите права на досегашните учесници во градбата, либерализацијата на одредени урбани елементи, следењето и потребата за развојот во просторот, прибирање на податоците, нивно чување, модернизирање и упростување на постапките како и давање нова можност за организирање во оваа насока на единиците на локална самоуправа во РМ.
– Здружението предложи законската регулатива за енергетската ефикасност, која се однесува на зградите/објектите, вклучувајќи ги и инсталационите системи, да се уреди во рамките на Законот за градење. Истовремено, предложи Законот за енергетска ефикасност да ги определува правната рамка и насоките на стратешко ниво, а деталите кои се однесуваат на оперативно ниво да се регулираат со подзаконски акти (правилници), да се предвиди обврска за објектите од јавниот сектор за вршење енергетски контроли во точно определен законски рок од страна на фирми со Лиценца за вршење на енергетска контрола, како и да се додефинираат одредени поими во Законот со цел негова посоодветна и поефикасна примена во практиката.
– Здружението подготви и достави предлози во насока на донесување на соодветно и применливо законско решение кои се однесуваат на временската рамка за подготовка на урбанистичките планови, подигнување на стручноста на комисиите за урбанизам, финансирањето на изработката на плановите, додефинирање на надлежностите на јавната установа за урбанизам, прекршочните одредби и износот на глобите и други.
– Здружението даде конструктивен придонес во процесот на подготовка и донесување на подзаконските акти за имплементација на Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр.32/2020 од 10.02.2020 година) преку доставување на коментари и предлози од компаниите во врска со одредени прашања кои треба да бидат (до)уредени со подзаконските акти, а со цел ефикасна и непречена имплементација на Законот во практиката.
- Согласно спроведените консултации со компаниите и дискусијата во рамки на online работната средба одржана на 16.6.2020 година, Здружението подготви и достави коментари и забелешки по Предлог - правилникот за урбанистичко планирање, кои се однесуваат на потребата од прецизирање на одредбите и појаснување на прашањата кој вид на документ (урбанистички план или урбанистички проект) се изработува за државните и регионалните патишта и во кои случаи се изработува, кој ја изготвува студијата на оправданост на градбата, како и врз основа на што е направена новата клацификација на градби и намени посебно во рамки на ознаката А2.1, А2.2 и А2.3.
- Здружението по одржаните работни средби и разгледувањето на предложениот текст, подготви и достави до Министерството за транспорт и врски Мислење по Предлог – методологијата за процена на вредност на недвижен имот во кое ги поздрави заложбите на ресорното министерство за подготовка на нова методологија заснована на европски и меѓународни стандарди за процена, но и во кое нагласи дека е потребно нејзино доуредување со цел истата да биде применлива согласно специфичностите на подрачјето на кое се применува и да ги земе предвид досегашните практики за процена на вредноста на недвижностите.
- Здружението иницираше Министерството за економија во рамки на приоритетите на Северна Македонија со претседавањето на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) во 2021 година да се заложи за отстранување на нецаринските бариери во земјите од регионот кои го отежнуваат извозот и слободната трговија со градежни производи, а до моментот на отстранување на бариерите и влезот на државата како полноправна земја – членка на Европската унија да покрене активности за реципрочен третман на градежните производи кои се увезуваат и поседуваат СЕ сертификат, како и за градежните производи кои се увезуваат од земјите од Западен Балкан.
- Генералната констатација на бизнис заедницата е дека предложениот законски текст во одредена мера не ги исполнува посакуваните цели и не нуди решенија за дел од најголемите проблеми со кои секојдневно се соочуваат градежните компании. Бизнис заедницата укажа дека во насока на обезбедување на правна сигурност, непречено работење на реалниот сектор, непрекината реализација на инвестициските проекти, како и надминување на честите изменувања и дополнувања на законот, новиот Закон за градење како генерален закон од областа на градењето, треба соодветно да ја третира и да ја уредува изградбата на објектите од сите сегменти на градежништвото (нискоградбата, високоградбата и хидроградбата), а како основа треба да ја земе досегашната практика и преку анализа и согледување на проблемите на компаниите и пречките од административна природа да ја уреди изградбата, наместо да презентира целосно нови концепциски решенија за речиси сите прашања поврзани со неа, со кои може да се постигнат ефекти спротивни на посакуваните и да се доведе до дисконтинуитет во работењето на деловните субјекти. Во однос на Предлог – правилникот за класификација на градбите со оглед дека суштината на сите прописи од областа на градењето се градбите како завршен производ, поради што класификацијата на градбите треба да претставува централно јадро, односно централен документ во системот на прописи и да претставува документ кој ќе ги опфати сите видови на градби, компаниите се’ уште ја разгледуваат предложената класификација од неколку аспекти: (1) согласно нивното значење дефинирано во предложениот закон, (2) нивната функција, (3) ризикот од нивно целосно и делумно рушење, поврзан со губење на човечки животи и/или нарушување на функционалноста и (4) потребата од непречено функционирање на виталните сервиси и инфраструктурата за време и непосредно после природните и технолошките катастрофи.
- Членките на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите изразија сериозна загриженост за состојбите и за иднината на македонското градежништво, имајќи ги предвид актуелните случувања во оваа мошне значајна стопанска гранка истакнувајќи дека градежништвото не остана имуно на пандемијата на КОВИД 19, која дополнително влијаеше врз веќе забавената динамика на економски раст во секторот што започна да успорува уште во последниот квартал од 2019 година. Покрај деловното опкружување и новонастанатите услови за работа што ги наметна пандемијата, поврзани со организација на работењето со почитување на мерките и на препораките за заштита од вирусот, намалените капацитети на централната и на локалната администрација, намалениот интензитет на објавување јавни набавки за градежни работи, најсериозна загриженост за градежниците во моментов предизвикуваат ценовните поскапувања на градежните материјали. Според Анализата на Здружението, во периодот 03/2020 – 03/2021 цената на челичните профили и цевки пораснала за 33 %; во периодот 03/2021 – 06/2021 за дополнителни 33 %, а до крајот на годината покачувањето, според најавените движења, се очекува да достигне и до 95 %. Очекувањата, според анализата и според најавените движења, се дека поскапувањата од почетокот на пандемијата до крајот на 2021 година кај оплатата ќе достигнат до 55 %, кај геокомпозитот до 57,5 %, кај термоизолацијата ESP до 61,3 %, кај заштитните премази до 44 %, кај полимер-битуменот за асфалт до 47 %, а кај металните профили до 52 %. Поради тоа, со оглед дека бројките потврдуваат дека состојбата во градежништвото, како резултат на ценовните поскапувања, е несомнено алармантна, предложија час поскоро да се воведат мерки за поддршка на секторот за да се справи со поскапувањата и во таа насока да се разгледа можноста да се воведе повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност за прометот и за увозот на градежни производи, до стабилизирање на пазарот на градежни производи, како и во постапките за доделување на договорите за јавни набавки на работи, во согласност со член 119 од Законот за јавните набавки (Службен весник на Република Македонија бр. 24/2019 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 87/2021), во тендерската документација да се предвидува можност за корекција на цените, за да се овозможи договорите за јавни набавки да се изменуваат во случај на покачување на цените без спроведување нова постапка за јавна набавка.
- Во врска со текстот на Предлог – законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност објавен на веб страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) на 16.6.2021 година, по спроведена консултација и разгледување на предложеното законско решение, компаниите – членки дадоа коментари и предлози во насока на допрецизирање одредени одредби согласно досегашната практика и прописите со кои дел од овие прашања за градежните производи се веќе уредени.
11.05.2023
Стопанска комора на Северна Македонија како мост помеѓу работодавачите и средните стручни училишта, во рамки на своите активности особено внимание посветува и на учениците кои со изборот на ...
14.04.2023
Македонски Железници Инфраструктура организираше работна средба со претставници од градежниот сектор, на кој присуствуваше Андреа Серафимовски, претседател на Здружение за градеж...
13.04.2023
„Државата треба да се заложи домашните градежни компании да бидат вклучени во проектирањето и изведбата на капиталните проекти на Коридорот 8 и Коридорот 10-д кои се реализираат с...
12.04.2023
„Капацитетот на домашните градежни компании, може да одговори на потребите и условите при проектирање и изградба на инфраструктурниот проект за Коридор 8 и Коридорот 10-д. Во моментов ...
31.03.2023
Претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Комората Андреа Серафимовски, со дел од членовите на УО на самото Здружение остварија раб...